10 кратки вицови за повесел викенд

Нашите патишта се способни сами да рја егулират брзината на движење!

– – – – – – –

Професор по математика среќава свој бивш студент на улица:
– И, како е?… Ги применувате ли знаењата што сум ви ги дал во животот?живота?
– Да, да, секако… Пред некој ден на пример ми падна клучот од Југото на татко ми во една шахта. Зедов една жица, ја свиткав во форма на интеграл и го извадив.

– – – – – – –

Ги подржувам само традиционалните семејни вредности: Маж, жена, деца, куче и љубовница!

– – – – – – –

– Е што е сега?! Зошто се лутиш? Нели сакаше да посвоиме дете?!
– Да, Кире… Ама ти си донел 19-годишна Украинка.

– – – – – – –

– Што гледаш на прва средба со жена?
– Да има добар задник. А ти?
– Да нема адамово јаболко…

– – – – – – –

– Докторке, си имала ли пред мене и други мажи?
– Не, Стефане. Ти си првиот идиот што зел упат за гинеколог.

– – – – – – –

При развод вината секогаш е на двете страни – половина на мажот, другата половина – на мајка му…

– – – – – – –

– Келнер! Донеси ми една дупла жолта.
– Не служиме пијани гости.
– А на дебелите им давате да јадат, нели?

– – – – – – –

– Јас спијам со жена ми три пати неделно.
– Јас еднаш.
– Чекај бе, па ти нели немаш жена?!
– Нели прајме муабет за твојата.

– – – – – – –

Интервју за работа во едно наше министерство. Прашање за кандидатот:
– Ако сите службеници крадат, вие ќе се вклучите ли?
– Не, се разбира!
– Аха! Неспособност за тимска работа?!