10 кратки вицови за повесел викенд

– Шефе, како така, сите се на море а јас на работа?
– Хм, погледни од добрата страна, сите трошат, ти печалиш!

– – – – – – –

Министерството за здравство не успеа да се справи со дебелеењето на нацијата. Затоа сега задачата ја презеде министерството за економија.

– – – – – – –

– Мажу, да не си видел кај ми е метлата?
– Оди пешки, ма! Еве кај е продавницата.

– – – – – – –

Проблемот на младите е што не играле тетрис! Ние “диносурусите” израснавме со играта и добро знаеме дека го ставаш таму каде што можеш, а не таму каде што сакаш.

– – – – – – –

За мажите с*ксот е како гладот – ако не ги пуштат во скап француски ресторан, одат во сендвичара, а некои си готват и сами!

– – – – – – –

– Сине, една птичка ми кажа дека пушиш. Точно ли е?
– Мамо, изгледа ти пушиш, штом разговараш со птички!

– – – – – – –

Женско списание
Стр. 15: “Прифати се таква каква што си.”
Стр. 17: “Ослабнете 4 кг. за една седмица.”
Стр. 19: “Рецепт за торта.”

– – – – – – –

Жената му ѕвони на мажот на телефон:
– Миличооок, мислам дека во карбураторот на колата има многу вода!
– Оффф мори Мацо… Ти од кога се разбираш и од карбуратори? Не знаеш ни што е тоа. Колата каде е сега?
– Во реката…

– – – – – – –

– Што гледаш на првиот состанок со жена?
– Задникот. А ти?
– Ти си заостанал во времето брат. Јас гледам да не има “адамово” јаболко…

– – – – – – –

– Се скаравме со жената заради летниот одмор. Јас сакам да одам на море…
– А таа?
– Таа сака да дојде со мене!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *