10 кратки вицови за повесел викенд

– Колку чини кремот против изгореници?
– 350 денари.
– Добро, дај ми две кисели млека.

– – – – – – –

Охоо, какво цврсто ракување! Одамна ли живееш сам?

– – – – – – –

– Ти, женет ли си?
– На овој акаунт, не!

– – – – – – –

– Ти, зошто стана наставник?
– Паа… Ако разговарам сам со себе се, тоа се вика шизофренија. А ако разговарам сам со себе си во присуство на ученици, тоа се вика лекција!

– – – – – – –

Бугарин го тепа синот си:
– А бе единица по математика, дека е голема наука, разбирам. Ама единица по бугарска историја што е две страници, не разбирам.

– – – – – – –

Се враќа ќерката дома:
– Мамо, си најдов 500 денари.
– Миме, намести си ја сукњата и не ја лажи мајка си! Јас на твои години и по повеќе си наоѓав…

– – – – – – –

На зелено пазарче една жена застанува до тезгата со јагоди:
– Извинете, овие јагоди дали се ГМО?
– Што дали се? – зачудено прашува продавачот.
Од јагодите пред него се слуша одговор во хор:
– Не сме, не сме!!!

– – – – – – –

На седмиот ден од создавањето на светот, Адам го прашува Господ:
– Господи, кој лежи под јаболкницата?
– Абе некаков Македонец, јас тука го најдов…

– – – – – – –

– Сине, една птичка ми кажа дека пушиш. Точно ли е?
– Мамо, изгледа ти пушиш, штом разговараш со птички!

– – – – – – –

Фактот дека до сега не се откриени древни бугарски монети, говори за тоа дека тие со векови наназад користеле кредитни картички.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *