10 кратки вицови за повесел викенд

Мицковски дал предлог да се направи и едно министерство за морепловство. На прашањето што ќе ни е министерство за морепловство кога немаме море, тој остро одговорил:
– Е, како имаме министерство за правда?!

– – – – – – –

Мајка, бремена со второ дете го прашува малото синче:
– Што сакаш да ти родам? Братче или сестричка?
– А може ли куче?

– – – – – – –

Плавуша влегува во Сетек и прашува:
– Имате ли телевизори во боја?
– Да, се разбира госпоѓо.
– Добро, дајте ми еден розев.

– – – – – – –

Екваторот е замислената линија која ја дели планетата на Северна и Јужна… Македонија.

– – – – – – –

На прва средба после запознавање на интернет:
– Но ти ми рече дека си со стројна фигура.
– Ааа, не си прочитал добро, реков со тројна.

– – – – – – –

– Жалам дедо, ама немаме Виагра од 50мг. Ќе ти дадам од 100мг и ќе ја расцепиш на две.
– Бабата ли?
– Не бе апчето.

– – – – – – –

Маж и жена гледаат хорор филм… Наеднаш кадар со вештерка и жената извикува:
– Оф мори мајко!
– Ја позна а?

– – – – – – –

На доктор:
– Колку години имате?
– 27.
– Бремености?
– Ниту една.
– Редовен полов живот?
– Докторе, не ли мислите дека сте многу љубопитен како за стоматолог?

– – – – – – –

Фактот што до сега не се откриени древни бугарски монети, говори за тоа што тие уште векови наназад користеле кредитни картички.

– – – – – – –

Трите најмали книги на светот:
– Сомалиски готвач
– Црногорски кодекс на трудот
– Бугарска историја

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *