10 кратки вицови за повесели Велигденски празници

Купив три кила јагнешко за Велигден и моментално скокнав три места нагоре на листата на Форбс.

– – – – – – –

Финансиските институции годинава доделуваа „велигденски“ кредити – за јагнешко и јајца!

– – – – – – –

– Дали ќе одите некаде за Велигден?
– Мојата резервира 2 ноќи во Париз…
– Ааа, ние одиме во Охрид! Зошто да тепаме толкав пат за исти пари?!

– – – – – – –

– Еј брат, знаеш ли дека Ана и Кире се разведуваат?
– Не зафркавај! И кој е крив?
– Па Кире… Се вратил 2 дена порано од службен пат, а не се јавил.

– – – – – – –

Македонската народна традиција вели:
„Во село, ако одиш по асфалтот, ќе стигнеш кај градоначалникот!

– – – – – – –

Бракот е како рачна бомба – го тргаш прстенот и БУМ остануваш без стан.

– – – – – – –

Разликата меѓу колата и жената е во тоа што ако ви ја чукаат колата ќе забележите…

– – – – – – –

Маж и жена во ресторан. Една убава девојка застанува покрај мажот, го штипка за образот и си оди. Жената почнува да чади од ушите и нервозно прашува:
– Која ти е оваа?
– Почекај малку… Сега размислувам како ќе објаснам која си ти…

– – – – – – –

Утрото по првата брачна ноќ, жената го прашува мажот:
– Ќе свариш кафе или не можеш ни тоа?

– – – – – – –

Се караат двајца грчки газди на хотели:
– Се надевам дека за Велигден ќе ти дојдат 3 автобуси Македонци, сите со полни торби паштети и сардини!

  • SuzanaZafirova напиша:

    Имате убави и актуелни вицеви-напишани смешки

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *