10 кратки вицови за весел крај на работната недела

Ако си мислиш дека си попаметен од претходните генерации, имај во предвид дена…
Пред 50 години во инструкциите за автомобилите пишувало како да си ги подесиш вентилите на цилиндрите, а сега те предупредуваат да не пиеш от течноста во акумулаторот!

– – – – – – –

Зошто сте ги напуштиле претходните три работни места?
– Затоа што жена ми спиеше со сите шефови.
– ПРИМЕН СТЕ.

– – – – – – –

Вдовица му вели на бившиот додворувач:
– Мојот умре, сега веќе може да се видиме.
– Е сега и мојот умре.

– – – – – – –

– Жено, мислам дека имаш љубовник!
– Ти луд ли си бе?! Уште на еден да му пржам тиквички…

– – – – – – –

Кога гепардот е гладен, човек може да развие до 70 км/ч.

– – – – – – –

– Вистина ли е дека си се развела од твојот?
– Да! Ми направи таков голем скандал, дека сум го изневерила со некој од неговите колеги!
– Со кој?
– Не можев да разберам за кој знае!

– – – – – – –

– Аууу, колку слатко ве облекла мама, исти костимчиња, да не сте близнаци?
– Госпоѓо, излезте од автомобилот и дајте ги документите!

– – – – – – –

– Миличок, какви жени сакаш – паметни или убави?
– Ниту едните, ниту другите. Знаеш дека само тебе те сакам.

– – – – – – –

Ако маж ѝ ја отвора вратата од колата на жена, значи една од двете е нова.

– – – – – – –

– Како ти е новата девојка?
– Многу далеку живее, брат. Мерак има, нафта нема.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *