10 кратки вицови за весел влез во новата година

Оваа година помина добро. Поскапеа само два типа на производи. Прехрамбените и непрехрамбените!

– – – – – – –

Мажот е како ламбата на Аладин. Ако го протриеш на правилното место, ќе ти ги исполни сите желби.

– – – – – – –

Малото синче го прашува татко си:
– Тато, кога е празникот на таткото?
– Кога мајка ти ја нема дома, сине!

– – – – – – –

Ерген – човек, кој секое утро доаѓа на работа од различна насока!

– – – – – – –

– Тато, јас како сум се појавил? Штркот ли ме донел?
– Да!
– Ама како?
– Мајка ти не сакаше да ѝ се размачка карминот.

– – – – – – –

Разговараат двајца пријатели што не се виделе одамна:
– Кај си бе брат, што има ново?
– Се враќам сношти дома, го отворам шкафот и таму… гол маж!!!
– Ееее, ништо де, се случува.
– Што се случува? Па јас не сум женет…

– – – – – – –

– Тато, тато! Што е тоа нацртаното до натписот „аптека“?
– Мајка ти како јаде сладолед.

– – – – – – –

Еден наркоман му вели на друг:
– Братче, си купив страшно куче – пензионирана германска овчарка од полицијата, обучена да бара наркотици. Само ѝ ги ставам парите во ремчето и за 15 минути ми ја носи тревата.

– – – – – – –

– Комши, кој врескаше така цела ноќ?
– Марето од трети.
– Зошто? Да не раѓаше?
– Не бе, затруднуваше!

– – – – – – –

Прва брачна ноќ. Младите се во спалната, а родителите на момчето спијат во соседната соба. После жесток с*кс, сопругот легнува на грб и вели:
– Душо, подај ми една чаша студена вода!
Од соседната соба се слуша гласот на мајка му:
– Кире, маме, како што си испотен сега, уште студена вода ти треба…

  • Zemits machine напиша:

    Magnificent beat ! I wish to apprentice at the same time as you amend your site, how could i subscribe for a weblog website? The account aided me a acceptable deal. I had been a little bit familiar of this your broadcast provided shiny clear concept

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *