10 кратки вицови за весел завршеток на работната недела
Благодарение на ефикасноста на македонски пошти се измислени синото сирење, оцетот и сувото грозје.
– – – – – – –
Политичарите одат кај народот само при голема нужда!
– – – – – – –
Странец на гости во Македонија. Домаќините гледаат Sвездите на Гранд.
– Многу се музикални вашите по*но ѕвезди!
– – – – – – –
– Зошто вие политичарите ги сметате обичните луѓе за идиоти?
– Затоа што гласаат за нас!
– – – – – – –
– Докторе, не можам да ја задоволам жена ми. Таа бара по десет пати на ден…
– Штооо?!?
– Пари, докторе, пари…
– – – – – – –
Стивен Кинг напиша многу пострашна книга од „Тоа“. Се вика „Таа“.
– – – – – – –
– Келнер, зошто во супата има капаче, парче гума и стар презе*ватив?
– Па нели нарачавте супа од морски плодови?
– – – – – – –
– Мамо, колку години треба да стана, за да се враќам дома кога сакам?
– Сине, дори ни татко ти не ја достигнал таа возраст!
– – – – – – –
Шефот толку долго и жестоко го караше Перо, што тој по инерција истресе:
“Да, мила!”
– – – – – – –
– Кажи ми уште еднаш дека сум дебела и веднаш те оставам!
– Не, не можеш да го направиш тоа. Помисли на нашето дете.
– Чие дете?!
– Па штом велиш дека не си дебела, значи си бремена.
I like the valuable information you provide in your articles. I will bookmark your blog and check again here frequently. I am quite sure I?ll learn many new stuff right here! Best of luck for the next!
Коментирај анонимно