10 луѓе чии едноставни моменти на искреност ја завршија нивната врска

Во врските, признавањето на длабоки тајни или неочекувани вистини понекогаш може да доведе до раскинување. Овие емоционални искуства ги поттикнуваат луѓето да ги споделуваат своите приказни на интернет, наоѓајќи заедница која ја разбира незгодната рамнотежа помеѓу искреноста и нејзиното влијание врз љубовта.

 

1.

На една жена што ја познавам конечно ѝ беше кажано дека нејзиниот сопруг го лажира своето англиско наследство, потекло/воспитување во Англија и лажен акцент. Тој го криел тоа со години, на крајот признал дека сето тоа е лага и дека пораснал во Америка.

2.

Признав дека сакам да направам повеќе за неа. Мислев дека ја запоставувам и премногу работам.

Таа следната недела ме седна и ми рече дека ѝ се заканувам на нејзината независност и дека ѝ треба една недела да размисли за нас. Една недела после тоа, таа раскина со мене.

3.

Плачев пред неа затоа што почина баба ми и таа ми рече дека повеќе не може да ме гледа на ист начин.

 

4.

Му покажав слика од мене во осмо одделение и тој не можеше да го поднесе тоа како сум изгледала во осмо одделение.

 

5.

Ѝ кажав дека не верувам во астролошки и тарот карти. Таа потоа ми кажа дека нејзините тарот карти ѝ кажале да ми раскине.

6.

Ѝ кажав дека јас сакам да си одам од државата, а таа сакаше да остане и да стане професорка.
Никогаш не ја мразев ниту неа ниту нашата врска, тоа беше наша прва врска во животот. Се сретнав со неа пред некое време. Таа сега е мажена со супер тип и чекаат дете.

 

7.

Не сакав да се преселам кај него кај што живее со уште 6 родини.

8.

Му кажав плачејќи затоа што почнавме да се расправаме уште додека бевме во ресторан дека „Некогаш ми е страв да ти кажам како се чувстувам, затоа што не знам како ќе реагираш“. Тој рече, „Па, тоа е патетично“.

9.

Ме праша кој готви подобро, таа или мајка ми. Јас кажав мајка ми.

10.

Му кажав на дечко ми дека суптилно го научив да ги мие забите правилно затоа што не сакав да му ги повредам чувствата.
Неговите заби изгледаа толку лошо, со толку слоеви на нив и искрено не сакав ни да го бакнам некогаш.

Тој рече: „Се прашувам што се друго криеш од мене“. Па сакаше пауза и после некое време официјално раскинавме.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *