10 луѓе кои нурнаa во продавниците за работи од „втора рака“ и извадија вистински „богатства“
На пазарите, продавниците за работи од втора рака и сличните места можат да се најдат многу интересни работи. Сепак ѓубрето за една личност може да е богатство за друга. Сите сакаме да купиме работа за 100 денари која ќе се покаже дека вреди стотици повеќе или за ситни пари да најдеме нешто што изгледа прилично скапо и луксузно.
„Мојата свадба е за 2 недели. Погледнете што ми најде свршеникот од втора рака! Ни беше даден попуст за недостаток на едно ременче, но тоа е лесно решение“.

„Како дете сакав да копам во кутијата за накит на баба ми, а еден ден таа ми подари нараквица. Ја носев без да ја извадам додека не ја изгубив. Ја барав истата со години. И ја најдов!“

„Не можев да ја поминам оваа огромна рачно изработена куќа за кукли. Ѕидовите се покриени со тапет, завесите се хеклани. И натписот: ‘За Сузи, 1938 година’“

„Јас сум љубител на книги, имам илјадници, а кога ја видов оваа маса се фрлив по неа со цело тело! Се испостави дека има и 2 столчиња, многу удобни“

„Да тие не се мој број. Но, едноставно не можев да одолеам на нови оригинал Гучи за 9 долари.“

„Го купив овој прекрасен стол од оглас на Интернет. Мислам дека е од доцните 1800-ти“.

„Го купив овој прстен на распродажба во продавница за половни работи. Го однесов кај златара и испадна дека е 18 каратно злато!“

„Ги купив овие обетки од 14- каратно бело злато за само 99 центи!“

„Го видов овој тепих по смешна цена на реклама. Му пишав на сопственикот, но тој веќе го продал. Купувачот беше мојот пријател кој ми го подари за вселување.“

„Овој чуден полжав беше на игралиштето во малиот град каде што пораснав. Ја сакав како дете. Решиле да го модернизираат паркот, а сега е моја.“


Коментирај анонимно