10 луѓе кои откриле чудни семејни тајни

Многупати можеби сакаме тајно да слушаме за што зборуваат другите или посакуваме невидлива наметка да се прикраде во соба и да открие нечии скриени вистини. Благодарение на некои храбри корисници на Reddit кои беа подготвени да бидат отворени и да ги откријат своите најдлабоки семејни тајни, сега можете да го направите ова едноставно користејќи интернет.

 

1.

Баба ми неодамна почина. Во нашето гратче таа беше позната по нејзиното прекрасно готвење, поточно еден нејзин сос.
Пред години конечно ја убедив да ми ги открие рецептите и таа ми ги кажа сите, освен тој за сосот.
Кога почина отворив кај неа во шпајзот и најдов цела кутија од KFC микс за сос.
Таа цело време користела KFC микс за сос како основа за нејзиниот прекрасен сос.

2.

Најдобрата пријателка на мајка ми била одамна изгубената сестра на татко ми, која ја посвоиле уште пред тој да биде роден.
Мајка ми и таа биле најдобри пријателки повеќе од 20 години пред сите да дознаеме.

3.

Дедо ми имаше мал бизнис и сите го сметаа за премногу скржав затоа што не растеше доста скромно и без расфрлања со парите.
Подоцна дознав дека тој потрошил огромна сума во хуманитарни донации и финансиски помогнал на многу од неговите вработени.

4.

Откако почина татко ми, мајка ми не седна мене и брат ми и ни кажа дека сме биле зачнати со ин витро. Со сперма од анонимни донори.
ДНА тест потврди дека сме само полубраќа.

5.

Дознав дека малото дете на кое баба ми му беше како дадилка и често го чуваше, е всушност тајно дете на вујко ми и неговото семејство уште е знае за тоа.

 

6.

Дознав дека мајка ми освоила 20 милиони долари лотарија кога сум имал 3 години. Таа ми рече дека јас сум ѝ ги кажал броевите во сон. Ништо не сочувала за мене од тие пари. Така ми го спомна тоа лабаво кога имав 24 години.

7.

Моите родители се развеле уште кога сум имал 5 години и не ми го кажаа тоа се до 12 години.
Беше чудно да зборувам со другите луѓе за тоа и нивните одговори беа во смисла „А да..знаевме…“

8.

Подоцна низ годините дознав дека сме биле толку сиромашни што некогаш мајка ми си легнувала толку многу гладна само за да има јадење за мене.
Знаев дека имаме финансики проблеми, но никогаш не знаев дека било толку лошо.
Мајка ми е херој.

9.

Моите родители конечно ми открија дека на сметката со парите за факултет за која постојано зборат всушност има 148,74 долари.

10.

Секогаш мислев дека сум единствено дете. Но, кога имав 37 години на баба ми ѝ се испушти дека сум имал поголем брат некое време. Тој починал кога сме биле многу мали. Немам никакви спомени од него.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *