10 позитивни работи кои се случија во Македонија за време на оваа мрачна 2020 година
2020 година дефинитивно не можеме да ја вброиме во најдобрите и просперитетни години. Кога ќе погледнеме ни се чини дека ништо добро не се случи во државата во овој период, но секогаш има сребрена линија за која е убаво да се задржиме. Еве некои позитивни вести кои оставија белег на 2020 и ни дадоа надеж за подобра 2021 година.
Филмот „Медена земја“ доби две номинации за оскар
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ беше номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. Иако не ги освои сепак предизвика голема чест и возбуда кај секој Македонец.
Успешно беше извршена првата трансплантација на срце
На Клиниката за кардиохирургија во Скопје беше извршена прва транспантација на срце од починат донор, во нашата земја. Операција траела 6 часа и било трансплантирано ново срце во телото на 54-годишен пациент. Од истиот донор биле трансплантирани и два бубрега.
Македонските научници се најдоа на листата на најцитирани и највлијателни научници на светско ниво
Македонските научници кои се најдоа на листата со најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области за 2020 година, публикувана од Универзитетот „Станфорд“ oд САД. На оваа листа се најдоа Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Леонид Грчев, член на МАНУ, Валентин Мирчески од Институтот за хемија при ПМФ – Скопје, Рубин Гулабоски од Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Трајче Стафилов и Иван Грозданов од Институтот за хемија при ПМФ – Скопје. Како и Ратко Јанев, член на МАНУ, кој почина минатата година.
Газда од Охрид испрати 140 вработени на одмор во Турција
Сопственикот на ИТ Кафе во Охрид ги испрати своите 140 вработени на платен одмор во Турција, секако со сите трошоци платени „ол инклузив“.
Македонија ќе оди на ЕП во фудбал
Со голот во 56-тата минута и конечен резултат од 1:0 нашиот најдобар фудбалски стрелец Горан Пандев и донесе пласман на Европското првенство на македонската фудбалска репрезентација, која играше против Грузија.
Македонија влезе во НАТО
27 март е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја, затоа што ова е денот кога Македонија влезе во НАТО и стана 30-та членка.
Македонец беше прогласен за најдобар млад иноватор во Европа
Горјан Јовановски е прогласен за најдобар млад иноватор во Европа за 2020 година за својата мобилна апликација AirCare. Апликацијата на 27-годишниот софтверски инженер и екоактивист од Скопје победи во конкуренција на иноватори до 30 години на World Summit Awards, коишто беа доделени во рамките на Европскиот фестивал на млади иноватори во Грац.
Не се согласивме со „мислењето“ на соседна Бугарија
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева крена голема врева поради нелогичните барања на соседот. Тие дрско сакаа да се вмешаат во нашиот јазик и историја, но за среќа не потклекнавме на нивното вето.
Македонски ученици се вратија со злато сребро и бронза од Балканската олимпијада по математика
Младите учестуваа на олимпијадата за ученици до 15,5 години, каде виртуелен домаќин беше Грција, односно Грчкото математичко друштво. Тие освоија златен, сребрен и два бронзени медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада.
Хуман Македонец склопуваше и подаруваше компјутери за деца кои не можат да си ги дозволат
Мики Цветанов склопуваше стари компјутери и им ги подаруваше на деца кои не можат да си ги дозволат. Приказната за Мики и неговото хумано дело можете да ја прочитате тука.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.