10 познати личности со „златно срце“ кои со свои пари им го разубавиле животот на други луѓе

И покрај тоа што имаат дополнително зафатен распоред и бескрајно одвлекување на вниманието, овие љубезни холивудски ѕвезди секогаш се благодарни за она што го имаат и гледаат да помогнат секогаш кога можат. Без разлика дали станува збор за спонтан чин на великодушност или добро испланирано изненадување, тие имаат своја мисија да изнесат насмевка на лицата на другите луѓе, а ние ги сакаме уште повеќе поради тоа.

Денес со вас ќе споделиме 10 познати личности кои сакале да ги искористат своите привилегии и да го направат светот потопло место за живеење.

1. Двејн Џонсон

Се чини дека холивудската ѕвезда не е само херој во неговите филмови. „Карпата“ еднаш го изненади таткото на две деца, вдовец кој се мачел, ветувајќи дека ќе ги купи сите божиќни подароци за своите деца. За работите да бидат уште попрекрасни, Џонсон и актерот Џон Красински, открија дека направиле донација од 5 милиони долари за непрофитна добротворна организација која дистрибуира играчки на име на самохраниот татко.

2. Џони Деп

Холивудската ѕвезда еднаш организираше забава за 15 луѓе во еден од неговите омилени ресторани во Чикаго и таму оставил бакшиш од 4.000 долари за сметка од 4.400 долари. Непотребно е да се каже дека среќниот келнер бил воодушевен и го опишал актерот како „многу мек човек кој е многу шармантен и сладок.“

3. Колин Фарел

46-годишниот актер еднаш одвел бездомник по име „Стрес“ на шопинг од 2.100 долари. Потоа му дал 830 долари во готово како први пари за кирија за да може да добие соба и да се тргне од улицата. Ова не било прв пат Фарел да му помогне на „Стрес“. Всушност, ѕвездата првпат го запознала бездомникот 4 години порано, кога тој му помогнал да освои награда од 2.000 долари со тоа што го придружувал на радио емисија која понудила пари на секој што би можел да го донесе актерот во нивното студио.

4. Лејди Гага

36-годишната пејачка решила да ги почести фановите кои го чекаат нејзиниот автограм пред пицерија. Така, нарачала 80 пици, кои ја чинеле 1.000 долари. Тоа и било едно од омилените места за пица на Гага.

5. Крис Хемсворт

Кога холивудскиот А-листер случајно го оставил паричникот во ресторан, тој бил многу благодарен на 17-годишното момче кое му го нашол. Всушност, актерот од „Тор“ бил толку благодарен што сите од пари што биле во паричникот решил да му ги подари на тинејџерот кој му ги вратил. И за крај, тој дури додал „ уште малку плус“.

6. Тејлор Свифт

32-годишната пејачка која е позната по својата дарежливост, еднаш решила да донира над 30.000 долари на португалски студент за да му помогне да се запише на универзитет. Таа го видела ова на  страницата „Go Fund Me“ и била инспирирана од желбата и посветеноста на студентот, па решила да го поддржи во следењето на неговите соништа.

7. Зак Ефрон

34-годишниот актер еднаш на еден обожавател му купил нов „iPhone“ од 949,99 долари. На неговиот фан му паднал телефонот, додека се обидувал да сними видео од ѕвездата за на социјалните мрежи. Младиот човек бил воодушевен од овој великодушен гест и споделил дека освен што му купил нов телефон, неговиот идол го повикал и да дојде на сетот за да се запознае со него соодветно.

8. Џастин Бибер

Кога 28-годишната ѕвезда налетала на двајца негови обожаватели кои го гледале неговото ново видео во продавница на „Apple“, тој спонтано сакал да ги награди така што ќе им го направи денот дополнително посебен. Така, тој купил по еден „ајфон“, разменил поздрави со обожавателите и им кажал дека ги сака.

9. Кајли Џенер

За време на една телевизиска емисија, младата славна личност донирала 200.000 долари на мајка и ќерка со цел да им помогне да ги ублажат нивните финансиски проблеми. Ќерката, која имала 22 години, го напуштила колеџот за да и помогне на мајка си, а дарежливата донација на Кајли ќе и помогнела да ги плати студентските кредити и да се врати на студиите.

10. Кијану Ривс

Кијану е познат по своето златно срце и по тоа што е ултра дарежлив. И ова добро дело е додаток на долгата листа на добри дела. Актерот еднаш му купил  своја продавница на неговиот долгогодишен чувар по име Рандолф Грегори.

Дали мислите дека колку повеќе пари има човек, толку повеќе сака да ги дели со другите?

  • Josh напиша:

    So povishe pari tolku polos covek

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Josh Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *