10 скратени вицови за повесел продолжен викенд
Македонски политичар на суд. Судијата го прашува:
– Како ќе го објасните фактот дека во даночната пријава не сте пријавиле 17 недвижни имоти?
– Скромност почитуван судија!
– – – – – – –
– Брат, 35 години си веќе, кога ќе си најдеш сопруга?
– Не знам, многу ме бараат, многу ме пробуваат, ама немам среќа со жените…
– – – – – – –
– Вие кој сте?
– Јас сум мажот од вашите фантазии.
– А зошто си сам?
– – – – – – –
– Докторе, навистина ли сум стерилиен?
– За жал… Да!
– Лелеее, сега како да ѝ кажам на жената дека децата не се од мене?!?
– – – – – – –
Убаво е да си стјуардеса! Сите мажи веќе се сортирани по класи.
– – – – – – –
– Докторе, не се чувствувам добро!
– Пиете ли?
– Не.
– Е, како тогаш да се чувствувате добро?!
– – – – – – –
– Здраво! Јас сум блогерка, инфлуенсерка, веган и модел.
– Е здравје де, и мене за ништо не ме бива…
– – – – – – –
Кога ќе ја најдеш жената на твоите мечти, можеш да се простиш со останатите мечти.
– – – – – – –
– Зоки, зошто си ѝ подарил на баба ти фидбалска топка за роденден?
– А таа зошто само книги ми подарува?
– – – – – – –
Љубовница – тоа е дублерка, којашто го зазема местото на сопругата во с*кс сцените.
Коментирај анонимно