10 убијци кои ги внесуваш во себе — и нема да го прочиташ тоа на пакувањето
Кога ќе влезеш во супермаркет, ретко размислуваш што точно има во производите што ги купуваш. Декларациите се таму — но колку често навистина ги читаме? Еве 10 состојки што често завршуваат на нашата трпеза без многу да размислиме за нив.

Содржина:
- Коцки за супа – брзо решение со многу сол и адитиви
- Шлаг во спреј – практично, но не баш хранливо решение
- Купечки преливи за салата – скриен извор на шеќери и рафинирани масла
- Месни нарезак и паштети – преработени производи со адитиви
- Вештачките бои во бонбони и сокови – деривати на нафта во пакување за деца
- Инстант тестенини – пластика во чинија која преживеала нуклеарна зима
- „Здрави“ овошни јогурти – десерт кој се преправа дека е јогурт
- Енергетски пијалаци – срце на апарати
- Пуканки за микробранова – кесата е проблемот, не пченката
- Кашкавал во листови – тоа не е сирење, тоа е лабораториски препарат
- Храната која стои на полица и не се расипува не може да те нахрани, туку само те полни додека органите откажуваат
Коцки за супа – брзо решение со многу сол и адитиви
Да почнеме со нешто што речиси секој го има дома. Коцките за супа често се користат како брз начин за подобрување на вкусот, но нивниот состав најчесто вклучува големи количини сол, засилувачи на вкус како мононатриум глутамат (Е621) и различни адитиви.
Иако овие состојки се дозволени за употреба, прекумерната консумација може да придонесе за зголемен внес на натриум, што е поврзано со висок крвен притисок и задржување на течности. Дополнително, ваквите производи ретко содржат вистински хранливи состојки како домашно подготвен бујон.
Подобра алтернатива: Подгответе домашен бујон од зеленчук или коски и замрзнете го во мали порции. Така ќе имате поздрава и поприродна опција секогаш при рака.

Шлаг во спреј – практично, но не баш хранливо решение
Шлагот во спреј изгледа како лесен и брз додаток за десерти, но неговиот состав често нема многу заедничко со класичниот шлаг што го поврзуваме со свежа павлака од млеко. Наместо тоа, најчесто станува збор за мешавина од растителни масти, шеќери, стабилизатори и гас под притисок.
Иако овие состојки се дозволени, ваквите производи не ја нудат истата хранлива вредност како вистинската слатка павлака. Дополнително, адитиви како карагенан кај некои луѓе може да предизвикаат дигестивна непријатност.
Подобра алтернатива: Ако имаш време, измати слатка павлака (околу 30% масленост). Разликата во вкусот е очигледна, а состојките се едноставни и познати.

Купечки преливи за салата – скриен извор на шеќери и рафинирани масла
Купуваш салата мислејќи дека правиш здрав избор, но потоа ја полеваш со готов прелив кој е мешавина од евтино соино масло, модифициран скроб и шеќер. Сите тие состојки се дизајнирани да преживеат на полица долго време, а не да хранат твојот оброк. Со готови преливи всушност ја претвораш сопствената порција здравје во метаболички „отпад“.
Подобра алтернатива: Направи домашен дресинг со маслиново масло, лимон и малку сенф. Сенфот е природно лековит, а ќе добиеш чист и вкусен дресинг без непотребни адитиви.

Месни нарезак и паштети – преработени производи со адитиви
Месните нарезоци и паштетите често содржат делови од месо кои нормален човек не би ги препознал: кожи, ‘рскавици, сврзни ткива и масти кои под притисок се претвораат во розова паста. Натриум нитритот кој се додава како конзерванс не е смртоносен сам по себе, но во кисела средина се претвора во нитрозамини — состојки поврзани со ризик од онкологија ако се консумираат редовно.
Некои компании, како Аргета, користат поквалитетни парчиња месо и природни зачини, избегнувајќи вештачки адитиви. Ова не е платена реклама — само пример за добро практикување.
Подобра алтернатива: Подготви домашна паштета и консумирај ја во рок од два дена за вкусно и здраво задоволство.

Вештачките бои во бонбони и сокови – деривати на нафта во пакување за деца
Популарните бонбони и овошни сокови често содржат Е102 и Е129 — деривати на нафта. Тие се одговорни за неонските бои кои го привлекуваат вниманието на децата. Во некои земји во Европа овие адитиви мораат да носат предупредување дека влијаат на вниманието и хиперактивноста на децата. Кај нас се продаваат секаде, бидејќи на децата им се симпатични
Подобра алтернатива: Замени ги со суво овошје, јаткасти плодови или домашни сокови од овошје.

Инстант тестенини – пластика во чинија која преживеала нуклеарна зима
Инстант тестенините се направени да се готват брзо, но тоа е цената на составот: пржени се во евтино палмово масло и доаѓаат со кесичка со зачини полна со натриум и адитиви. Тие го оптоваруваат дигестивниот систем и се варат со часови подолго отколку нормална тестенина. Снимки од ендоскопија покажуваат дека резанците понекогаш остануваат недоварени по два часа.
Подобра алтернатива: Згответе интегрална тестенина — пет минути повеќе, а разликата е огромна за дигестијата и здравјето.

„Здрави“ овошни јогурти – десерт кој се преправа дека е јогурт
Многу овошни јогурти содржат повеќе шеќер отколку кока кола, а овошјето често е само во форма на арома или малку парчиња. Се даваат на децата мислејќи дека се здрави, а всушност создаваат инсулински ролеркостер кој завршува со пад на енергијата.
Некои брендови, како Јогобела, користат парчиња вистинско овошје и се придржуваат кон европски стандарди, но најдобро е сами да комбинирате густ јогурт или кефир со свежо овошје и малку мед — вистински еликсир за децата.

Енергетски пијалаци – срце на апарати
Енергетските пијалаци содржат големи дози кофеин, таурин и засладувачи кои ја стимулираат надбубрежната активност и срцевиот ритам. Последиците се трепкање, вознемиреност и напнатост на јетрата и срце.
Подобра алтернатива: Доволен сон или чаша вистинско црна кафе без шеќер.

Пуканки за микробранова – кесата е проблемот, не пченката
Кесите за микробранова содржат перфлуооктанска киселина — да, дури и тешко се изговара — која при загревање може да се ослободи во храната. Тоа влијае на хормоните и штитната жлезда.
Подобра алтернатива: Купи пченка на пазар, додај маслиново масло во тенџере, малку сол и путер. Стара школа, но каде каде поздрава.

Кашкавал во листови – тоа не е сирење, тоа е лабораториски препарат
Тост кашкавалот не е кашкава. Се прави со емулгатори и фосфати кои го одржуваат сјајот и топливоста, но истовремено ја намалуваат хранливата вредност. Тоа не е вистинско сирење, кое мириса на планина, се расипува и има природни нутритивни вредности.
Подобра алтернатива: Купи вистинско, масно сирење со природен состав.

Храната која стои на полица и не се расипува не може да те нахрани, туку само те полни додека органите откажуваат
Храна која не се расипува на полица не може ни да го храни твоето тело. Таа само ја полни стомачната празнина додека органите постепено се оптоваруваат. Не дозволувај шарените пакувања и насмеаните ликови од рекламите да те водат во редици во болница. Здравјето започнува со она што го ставиш во устата — затоа избирај мудро што ќе ставиш во корпата денес.

I VAZDUHOT ZAGADEN U SKOPJE!!!! TOA GO ZABORAVIVTE ILI NE SMEETW DA PISNETE ZA CEMENTARA AHAHHAHA LUGE JADETE SI MUVA DA NE VE LAZI I ONAKA KE UMRETE SITE OD RAK PORADI ZAGADENOSTA NA VOZDUHOT VO SKOPJE OD CEMENTARA IAKO CEMENTARA VE TRUE PO ZAKON SE E PO ZAKON, OVA SO GO PISUVA NEKA NE VE TANGIRA UOPSTE TOA VAZI ZA ZEMJI KAKO SVAJCARIJA GERMANIJA ANGLIJA TI POPRVO U SKOPJE KE UMRES OD RAK OD ZAGADENIOT VOZDUHOT NEGO LI OD SEKERI ZASPADUVACI I OSTALI STVARI TAKA DA MUVA PO MUDA DA NE VE LAZI JADETE SI!!!
11 ubiec e kurov moi ko ke ve grabni ke crknite od ubaini
Коментирај анонимно