10 урнебесни твитови кои загарантирано ќе ви го разубават денот

Понекогаш, најневините и наједноставните работи можат да ни донесат насмевка на лицата и покрај драстично лошото расположение. Во ерата на социјалните медиуми, каде што сè е достапно за секого, често наидуваме на поединци кои свесно или несвесно ни го разубавуваат денот.

1.

Му направив Фејсбук на татко ми и му објаснив како функционира сè затоа што си купи нов паметен телефон.
Денеска го видов неговиот статус на Фејсбук „жена ми“
Не го разбрав, па му се јавив и прашав за статусот, а тој ми рече на Фејсбук го прашал што има на ум: „What’s on your mind“ и тој напишал „жена ми“.

2.

Мајка ми го замоли татко ми да ги измие садовите и тој не го направи тоа. Па вечерва таа му послужи шпагети во корнет за сладолед и му рече „Штом не сакаш да ги измиеш садовите, нема да ги користам“.

3.

Еднаш една клиентка ми се жалеше дека неговиот бифтек има вкус на крава. Бев многу збунет и му реков „Па, се надевам дека да“, на што нејзиниот маж се изгази од смеење.

4.

17 години: Искрадување од дома за да одам на забава.
37 години: Искрадување од забава за да одам дома.

5.

Имав состанок на Зум и маж ми мораше да помине позади мене, но се потруди никој да не го види и лазеше по земја. Тоа значи дека наместо да го видат како поминува по долна облека, моите колеги го гледаа како лази пополека по долна облека.

6.

Мајка: Само затоа што сум ти мајка не значи дека знам се кај стои.

Исто така мајка: Портокаловата капа ти е во плакарот во ходник, од лево, на втората полица во кафеава кутија што стои до црна кутија.

7.

Мојата 11 годишна ќерка само што ми кажа дека сака да започме бизнис каде што луѓето ќе можат да нарачуваат сланина, шунка и колбаси и да им бидат испорачани до дома и сака да се вика „Хамазон“.
Еве зошто во светот има билионери.

8.

„Не ја редиш убаво машината за миење садови“, ѝ реков на жена ми точно пред редењето машина да стане само моја работа..

9.

Перење алишта:
Перење – 30 минути
Сушење – 60 минути
Диплење и средување – 7 до 10 бизнис денови.

10.

Го прашав маж ми каде е чоколадото и тој ми рече дека го изел.
Потоа се смеевме, се смеевме и јас го исфрлив надвор од куќата и ја заклучив вратата.

  • JoSiF напиша:

    Ех бе ПАПУЧАРИ. И уште се фалите со срамот ваш.
    Женами ми рече да го напишам ова. 😁

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *