10 „вечно млади“ ѕвезди ја откриваат својата тајна на долговечноста

Тешко е да се расправаме околу фактот дека ѕвездите изгледаат едноставно совршено на црвениот тепих. Секако и многу од нив изгледаат многу помладо од нивните години. Понекогаш, дури откако ќе го дознаеме нивниот датум на раѓање, се сомневаме, дали се навистина толку стари?

Еве неколку познати личности кои им пркосат на годините.

1. Селма Хајек (55)

Селма Хајек на својот блог открива дека една од нејзините тајни за совршена фигура и одлична кожа е портокаловото смути од: цитруси, куркума, црн пипер и морски алги. Исто така таа не користи средства за чистење на кожата наутро. Таа смета доколку ја исчистите кожата правилно навечер, нема потреба тоа да го правите наутро.

2.Хали бери (55)

 

На 55 години таа активно тренира, мотивирајќи ги жените ширум светот да го следат нејзиниот пример, со тоа што таа ги објавува своите тренинзи на социјалните мрежи. Таа исто така многу време посветува на негата на лицето. Една од нејзините тајни се колагенските маски.

3.Никол Кидман (55)

Никол Кидман иако има направено неколку ситни пластични зафати, таа троши многу време и енергија на одржување на убавината и младоста. Таа редовно вежба, јаде само земјоделски производи и медитира 20 минути дневно. Таа исто така истакнува дека многу важен момент е исто така и користењето заштита против сонце.

4. Џенифер Анистон

Анистон секое утро го започнува со сок од целер, а потоа пие разреден јаболков оцет. Рецептот за нејзината позната салата можете да најдете на Интернет, а таа се прави со булгур, красатвици, наут, билки, фета сирење и ф’стаци. Таа сепак вели дека не се плаши од лебот, па го јаде умерено.

5. Џулијан Мур (61)

Џулијан не се шминка во секојдневниот живот, но секој ден користи крема за сончање. Актерката исто така е љубител на мезотерапија, терапија која се користи за стимулирање на колаген и еластин на кожата. Се разбира, таа не заборава да спортува, вежба јога 4 до 5 пати неделно.

6. Софија Вергара (50)

Таа е една од ретките која признава дека не сака да тренира, но мора да го прави тоа. Претпочита водени спортови или јога и танцување.

Една од нејзините тајни за убаво лице е умереното користење кармин, кој дава чист и уреден изглед на лицето.

7. Џенифер Гарнер

Џенифер Гарнер е обожавател на нега на кожа. Таа користи ретинол, за да ги покрие несовршеностите на кожата. Не користи фен за коса и со стресот се справува со помош на кардио.

Џени внимава на исхраната, јадејќи зеленчук и овошје од нејзината градина.

8. Џенифер Лопер (53)

Џеј Ло вели дека тајната е во внимателната грижа за телото и душата. Таа затоа практикува медитација, редовно тренира, вози велосипед и танцува. „Клучот е да не престанувате да се движите“ – вели Џеј Ло.

9. Пенелопе Круз (48)

Актерката признава дека сега се чувствува многу посигурно во нејзина кожа, отколку кога била помлада. Таа избегнува глутен, пие многу вода, јаде свежо авокадо и користи маслиново масло. Претпочита Бикрам јога- јога која се изведува во многу топла просторија.

10. Анџела Басет (63)

Анџела Басет советува дека секој од нас треба да проба да го намали стресот во секојдневието. И таа е фан на Басет јогата и внимава многу на својата исхрана. Во понеделник и вторник јаде јаглехидрати, во среда и четврток јаде протеини, а зеленчук јаде секој ден. Првите 4 дена од неделата воопшто не јаде маснотии, а во петок, сабота и недела, напротив, внесува здрави мати во големи количини.

 

 

 

 

  • Deni напиша:

    abe u koj film vlagate, dolgovecnost.. pa da ne stanala vo 4 sabajle mleko da ceka, ili avtobus za da odi na rabota. moze im falat pari i neznaat kako kraj so kraj da svrzat? neka otide 1 mesec na niva da kopa, pa da ja vidim dolgovecnosta

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *