X

10 вицови за полицајци што ќе ве насмеат до солзи

1. Полицајци и ЕКГ

Чекаат двајца полицајци во чекалница. Излегува медицинската сестра и прашува:

– Вие сте за ЕКГ?

Тие исплашено стануваат и викаат:

– Не, не, ние сме за ВМРО!!!

 

2. Полицаец и часовник

Зошто полицаец лиже часовник?

Затоа што слушнал дека ТИК-ТАК го освежува денот.

3. Полицаецот и лошите вести

Во полициска станица ѕвони телефонот. Полицаецот крева, слуша што му кажуваат и почнува да плаче.

Колегата го прашува:

– Што се случи?

– Ми јавија дека мајка ми починала.

По неколку минути повторно ѕвони телефонот. Полицаецот крева и почнува уште повеќе да плаче.

– А сега што се случи?!

– Брат ми се јави. И нему му починала мајка му!

4. Полицаец на журка

Среде ноќ влегува полицаец во станица цел гол. Командирот го пресретнува:

– Абе, што ти се случило?!

Полицаецот почнува да раскажува:

– Бев на журка. Во еден момент стана една девојка и рече: „Ајде сега сите жени нека се соблечат!“ И сите жени се соблекоа. Потоа рече: „Ајде сега сите мажи нека се соблечат!“ И ние се соблековме. После рече: „Сега изгасете го светлото!“ Некој го изгаси…

– И?

– На крај девојката викна: „А сега, мажи – на работа!“

– И?

– И јас дојдов на работа.

 

5. Гриз

Полицаец јаде банана на улица, а му приоѓа едно дете:

– Чичко, чичко, дај ми еден гриз!

– Бегај, будало една, ова не е гриз, банана е!

 

6. Награда

Полицаец запира автомобил на мост:

– Честитки! Вие сте илјадитиот автомобил што помина преку мостов и затоа добивате награда од 2.000 евра. Што ќе правите со парите?

Возачот размислува:

– Ќе уплатам да полагам за возачка.

Жена му веднаш додава:

– Не го слушајте, не знае што зборува кога е пијан.

Тогаш од задното седиште се слуша:

– Знаев јас дека нема далеку да стигнеме со украдена кола!

7. Двајца полицајци

Застанале двајца полицајци да мочаат. Се враќаат, а едниот целиот испрскан.

Другиот го гледа и му вели:

– Е будало една, пак си го држел пендракот!

 

8. Овчарот и полицаецот

Му вели полицаец во цивилка на еден овчар:

– Ако погодам што си по професија, ќе ми дадеш една овца?

Овчарот се согласил.

– Ти си овчар!

И си зема една овца.

Тогаш овчарот му вели:

– А ако јас погодам што си ти, ќе ми го вратиш тоа што го зеде?

– Важи.

– Ти си полицаец во цивилка.

Полицаецот зачудено:

– Како погоди?

– Само полицаец може од 300 овци да го избере шарпланинецот!

9. Двајца полицајци во јавна куќа

Влегуваат двајца полицајци во јавна куќа. Газдата ги гледа и прашува:

– Што барате?

– Ништо посебно, би сакале малку да се забавуваме, ама имаме само 10 евра.

– За 10 евра?! Кај нас е најмалку 50! Одете позади и снајдете си се сами.

Си заминуваат двајцата, а по некое време повторно се враќаат.

– Што е сега? – прашува газдата.

– Ништо, дојдовме само да платиме.

 

10. Среќа

Паднал полицаец во шахта. Погледнал нагоре и рекол:

– Среќа што беше отворена, инаку немаше да можам да излезам!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *