100 жени биле чувани како ДОБИТОК на фарма за „јајце клетки“ во Грузија – биле намамени на „Фејсбук“, а потоа морале да платат 2000 евра за својата слобода

Околу 100 жени биле држени како робинки на „фарма за човечки јајце-клетки“ во Грузија, каде што биле хранети со хормони и третирани како добиток.

Нивното застрашувачко искуство е откриено од три тајландски жени кои биле ослободени од „мафијата за јајце-клетки“ на 30 јануари, по шест месеци експлоатација.

 

 

 

Жените сведочеле дека биле заробени на „човечка фарма“ во оваа источна европска земја од криминална организација предводена од кинески криминалци, кои ги продавале нивните јајце-клетки на црниот пазар. Тие биле намамени преку оглас на „Facebook“, каде што им било ветено дека ќе заработат меѓу 11.500 и 17.000 евра за работа како сурогат-мајки за грузиски парови кои не можеле да имаат деца.

Трите ослободени жени во август 2024 година отпатувале во Грузија заедно со уште десет други тајландски жени. Трошоците за патувањето и пасошите им биле покриени од организацијата, а нивното патување било организирано од женски посредник. Но, штом пристигнале, биле сместени во четири големи објекти со околу сто други жени и сфатиле дека работното место е само измама.

Наместо тоа, биле присилно подложувани на третман со хормони за стимулирање на јајниците и биле принудени да ги донираат своите јајце-клетки еднаш месечно. Една од ослободените жени изјавила на прес-конференција дека биле третирани како добиток, а некои од нив не добиле никаква компензација за своите јајце-клетки. Ако побарале да заминат, им било кажано дека прво мора да платат 2.000 евра на сопствениците на фармата.

Една поранешна заробеничка успеала да ја откупи својата слобода и потоа ја контактирала Павена Хонгсакула, основачка на тајландската фондација за деца и жени. Жената ја информирала фондацијата дека на фармата сè уште има тајландски жени кои не можеле да си дозволат да ја платат својата слобода.

 

 

„Се верува дека јајце-клетките од жените биле продавани и шверцувани во други земји за употреба во ин-витро оплодување“, изјавила Хонгсакула на прес-конференцијата, пренесува „Bangkok Post“.

Фондацијата „Pavena“ соработувала со Интерпол и успеала да ги ослободи трите жени откако платиле откуп.

Сè уште не е познато колку жени се заробени на „човечката фарма“. Тајландските власти и Интерпол започнале истрага, а полицијата во Тајланд соопшти дека можно е да следуваат и други спасувања во рамките на истрагата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *