101-годишен претприемач сè уште работи пет дена во неделата: Еве која е тајната на неговата виталност

Јоаким Хес е германски претприемач чие секојдневие изгледа како спротивност на сè што обично се поврзува со староста. Тој не ја гледа работата како товар, туку како место каде што секој ден повторно се враќа кај луѓето што ги смета за свои.
Неговата приказна не е само за долговечност, туку за навика, дисциплина, семеен бизнис и чувство дека човек останува жив додека има причина наутро да стане и да тргне некаде.

101-годишен претприемач сè уште работи пет дена во неделата: Еве која е тајната на неговата виталност

„Intertec-Hess“ почна пред 61 година, а денес има 330 вработени низ светот

Овој исклучителен германски претприемач ја основал својата реномирана компанија „Intertec-Hess“ пред цели 61 година. Од скромните почетоци, неговата визија прераснала во глобален бизнис кој денес вработува 330 луѓе ширум светот.
Семејниот бизнис длабоко ги поврзува генерациите, па така во секојдневните активности активно учествува и неговиот 69-годишен син Мартин. Сепак, главниот херој на оваа неверојатна приказна останува самиот основач, кој и понатаму секое утро редовно доага на своето работно место. Законско право на пензија имал уште пред цели 36 години, пишува магазинот Onet.

„Intertec-Hess“ почна пред 61 година, а денес има 330 вработени низ светот

„Јас сум како стар татко, а моите вработени се мои деца“

„Ја обожавам мојата работа. Чувствувам искрена радост секогаш кога ќе погледнам во насмеаните очи на моите вработени“, изјави тој.
Компанијата за него претставува второ семејство: „Јас сум како стар татко, а моите вработени се мои деца.“
Хес својата животна сила ја црпи токму од меѓусебната почит и секојдневната комуникација со колегите. За него повлекувањето од работата воопшто не доага предвид сè додека го служат силите.

Гимнастика, собен велосипед, лесни тегови и правило без кое денот е изгубен

Во што се крие тајната на неговата неверојатна виталност на 101-годишна возраст? Јоаким Хес смета дека долговечноста се должи на умерената и здрава исхрана, но пред сè на секојдневното движење.
Секое утро прави гимнастика, вози собен велосипед и вежба со лесни тегови. Посебно значење и придава на уште една клучна навика – смеењето: „Смејте се што повеќе! Ден без смеа е целосно изгубен ден.“
Ваквиот ведар начин на живот со децении го негувал заедно со својата покојна сопруга Роузмари. Покрај утринските тренинзи, преку денот задолжително си дозволува кратка попладневна дремка која му помага да го одмори телото и свеж да продолжи со обврските.

Гимнастика, собен велосипед, лесни тегови и правило без кое денот е изгубен

Возачка дозвола има од 1945 година, но сега на релито е навигатор

Интересно е што господин Хес поседува возачка дозвола уште од далечната 1945 година. Пред неколку месеци самиот одлучил да престане да вози поради ослабениот вид: „Имам дозвола од 1945 година, но бидејќи видот ми ослабна, сега повеќе сакам некој друг да ме вози.“
Сепак, тоа воопшто не значело откажување од неговата најголема пасија – класичните олдтајмери. Тој сè уште редовно се натпреварува на рели трки со класични автомобили, но сега како сопатник и навигатор.
Својата нова улога ја прифаќа со препознатлив хумор: „Знаете како се вели во авто-спортот: возачот е мускулот, но сопатникот е мозокот зад секоја победа!“

Возачка дозвола има од 1945 година, но сега на релито е навигатор

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *