102 деца, 12 сопруги и 568 внуци: Фармер од Уганда конечно одлучил да престане да го проширува своето семејство, затоа што немаат пари за храна за сите. Но, тој нема да го „скроти својот нагон“, жените ќе користат контрацепција!

Фармер од Уганда, кој има 102 деца и 568 внуци од 12 сопруги, конечно решил да престане со зголемување на своето семејство.

 

 

Муса Хасаја (67) побарал од своите сопруги да користат контрацепција за да можат да си дозволат да купат храна за јадење.

Тој вели: „Моите приходи стануваат се помали и пониски со текот на годините поради зголемените трошоци за живот и моето семејство станува се поголемо и поголемо. Г-дин Хасаја и неговото семејство живеат во Лусака во Уганда. Овде полигамијата е легална.

 

 

Тој вели дека сите негови сопруги живеат во иста куќа за да може да ги „надгледува“, спречувајќи ги да бегаат со други мажи.

Неговата најмлада сопруга Зулајка, мајка на 11 од неговите деца, вели:

„Не сакам повеќе деца. Ја видов лошата финансиска состојба и сега пијам апчиња за контрацепција“.

 

Околу една третина од децата на г-дин Хасајха, на возраст меѓу 6 и 51 година, живеат со него на неговата фарма.

Неговото најстаро дете е 21 година постаро од неговата најмлада сопруга.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *