11-годишниот Андреј Цековски освои прво место на меѓународен музички натпревар во Њујорк
Македонскиот пијанист настапи на гала-вечерта на победниците на International Youth Music Competitions, на 5 септември во The DiMenna Center for Classical Music, една од познатите њујоршки сцени за класична музика. Пред меѓународна публика свиреше заедно со победници од повеќе земји, а на сцената гордо го носеше македонското знаме.

Жирито ја истакнало неговата музикалност, техничката сигурност и уметничката зрелост
Првата награда ја освоил во март годинава во категоријата USA Classical Hobbyist, по што добил покана за настап на гала-вечерта во Њујорк. За време на престојот, интерес за поддршка на неговото понатамошно музичко образование покажале и неколку фондации и агенции.

Пијано почнал да учи на четиригодишна возраст, а денес е шестоодделенец со спортски и училишни успеси
Андреј е ученик во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, каде што негов наставник по пијано е Марија Диманин Богоевска. Покрај музиката, тој е одличен ученик во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје, веќе две години тренира ракомет и има освоено повеќе државни награди по различни предмети.


Коментирај анонимно