11 пати кога неверните партнери беа фатени на дело

Љубовта не е секогаш непречено пловење. И покрај тоа што започнува со интензивни емоции, не сите романси кулминираат среќно, особено кога неверството влегува во сликата. Подолу, собравме реални приказни за партнери фатени на дело во најнеочекуваните моменти кои засекогаш го сменија текот на нивните односи.

 

1.

Тетка ми дозна од нејзината фризерка дека маж ѝ ја изневерува. Ја дозна адресата на љубовницата и ја побара на Google Earth.
Автомобилот на маж ѝ беше паркиран пред куќата кога Google Earth ја правеле сликата.

2.

Се објаснувавме нешто и таа тврдеше како јас одеднаш сум го сменил мислењето за гумени и желе бонбони затоа што претходно ми биле одвратни, а сега одеднаш ги сакам. Ме убедуваше дека сум ѝ кажал дека ја мразам текстурата (иако гумени бонбони ми се омилени) и беше упорна во тоа.
Беше дефинитивно чудно што мојата девојка со која сум во врска 7 месеци не го знае ова за мене или дека греши.

Еден ден бев на кафе со еден мој колега и му понудив дали сака гумено бонбонче. Тој ми рече дека апсолутно му се одвратни сите желе или гумени бонбони. Тогаш се сетив. Истражив малку повеќе и дознав дека таа се гледала со мојот колега веќе неколку месеци. Ниту тој не знаеше за мене. Ѝ раскинав, но се уште сум другар со него до овој ден.

3.

Одев на психолог поради брачните проблеми за кои мојот сопруг велеше дека јас сум виновна. Бев расеана и неорганизирана, почнав постојано да заборавам работи. ЗАТОА тој престанал да ме сака и јас одев на психолог за да се ПОПРАВАМ себеси. Еден ден се брзав за мојот термин од 7 часот, само за после два блока возење да се сетам дека беше откажан за таа недела.
Веднаш почнав да се враќам дома и кога дојдов ги најдов маж ми и неговата љубовница како се бацуваат во нашата дневна соба.

Брачните проблеми решени!

 

4.

Пред многу години ја посетував девојка ми во нејзиниот град. Ние бевме во врска на далечина. Таа имаше цимерка, ќе ја наречеме Сенди, која исто така и беше и една од најдобрите пријателки.
Една вечер излеговме со некои луѓе и супер си поминавме, потоа се вративме во апартманот и си легнавме. Но Сенди уште не беше вратена.
Одеднаш се будам затоа што ѕвонеше телефонот. Брзо го земам за да го исклучам. На екранот пишува „Сенди“. Не се двоумев воопшто и одговорив на повикот. Мислев дека можеби Сенди нема клуч или пак ѝ е потребен превоз, што знам јас. Одеднаш слушам машки глас ја бара девојка ми. Јас бев како „Кој си ти?“, а тој исто така сака да знае кој сум јас.
Девојка ми се разбуди и почна да му се дере на дечкото на телефонот.
„Сенди“ на телефонот беше дечкото со кој се гледала секој пат кога јас не сум тука. Го запишала под името на нејзината најдобра другарка за да може без никаков проблем да му пишува и пред мене и јас да не се посомневам.

 

5.

Мојот бивши дечко самиот се издаде.

Сакав да го изненадам со забава за неговиот роденден. Бев возбудена, но постојано бев на телефонот обидувајќи се се да организирам и тој приметуваше, мислеше дека нешто да кријам. Почна да се однесува чудно (очекувано со оглед на тоа што се случи потоа). Потоа почна да ме обвинува дека нешто не е во ред.
Јас му кажував дека нема ништо такво и дека самиот ќе види.
Во еден момент тој сосема се исклучи. Работите ескалираа. Ден пред забавата, тој призна самиот велејќи дека знае дека го изневерувам, но тоа е во ред, затоа што тој со месеци се гледал со неговата колешка.
Само си отидов. Им реков на сите да се појават за забавата следниот ден. Го гледав неговото лице како менува бои кога дојде изненадувањето и му кажав дека затоа се однесував малку чудно. Му посакав се најдобро нему и на неговата љубовница пред сите и си заминав.

6.

Живееме заедно и една од собите беше направена како канцеларија каде што имавме еден статичен компјутер за двајцата (а секој посебно имаше лаптоп за работа). Една од работите што ги правевме беше да оставиме отворени прозорци на компјутерот за ако некоја вест или статија е интересна, па другиот да ја прочита.

Отидов да проверам нешто на компјутерот и видов дека тој заборавил да го затвори Whatsapp-от на еден прозорец. Првиот разговор беше со другарка од средно со која неодамна почнаа да комуницираат како пријатели. Пишуваше „Посакувам сега да беше во моите раце“.
Тој беше во тоалетот. Пред тоа само што зборувавме и тој ми кажа како јас сум љубовта на неговиот живот. Пет минути подоцна си пишува со друга девојка и ѝ кажува колку ја сака.

 

 

7.

Бевме на лекар, бев бремена 3 месец со нашето дете. Тој беше среќен иден татко, или така мислев.

Првпат го слушнавме чукањето на срцето на нашето бебе. На нашето возење до дома, тој беше многу тивок без ни навестување на возбуда на лицето. Тоа ме поттикна да ги истражам неговите профили на социјалните мрежи додека не ја видов оваа девојка што коментира со срциња.

Ѝ испратив порака на девојката и таа рече дека се во врска.

Накратко: Ја прекинав врската, го родив моето бебе и тие се уште се заедно. Уште чекам кармата да ги направи своите чуда.

8.

Сопругата отиде на службено патување за кое ми рече дека оди сама. Се јавив во нејзината хотелска соба доцна една ноќ, без одговор. Се јавив на рецепцијата во хотелот и ме праша дали можат да ме поврзат со името на некој со кој соработувала, и ме поврзаа веднаш. Тој се јави на телефонот, а кога му реков дали може да зборувам со неа, тој само ѝ го подаде телефонот.

 

 

9.

Мојот свршеник и јас станавме пар пријатели со еден од неговите колеги и неговата сопруга. Излегувавме на вечери заедно, се сретнувавме на пијалоци итн.

Една вечер таа ми се јави збесната. Таа се посомневала дека нејзиниот сопруг изневерува и сакаше да дојдам за поддршка бидејќи во џебот од неговите панталони нашла телефонски број на една жена. Момците беа отсутни на работно патување, а таа беше решена да се јави на бројот.

Одам кај неа дома, таа се јавува на бројот, а жената не информира дека е девојка на мојот свршеник. Никогаш не се сомневав во нешто.

10.

Знаев дека мојот бивши ме изневерува и се обидував да го натерам да го признае тоа за да му раскинам, тој почна да испраќа слики од екранот од нашите разговори за да ми покаже „колку сум луда“ – една од тие слики од екранот го имаше отворено малото поле на дното на текстуалниот разговор од неговата камера, претпоставувам додека ми ги испраќаше сликите од екранот.

Имаше слика од друга девојка, слики од него во нејзината куќа итн.

Навистина се изнасмеав кога го видов тоа – тој се обидува да ме убеди дека сум луда додека истовремено ми испраќаше докази, беше пресмешно.

11.

Многу рано во врската сонував дека неговата поранешна, која никогаш не ја запознав, се преселила во странство и е бремена. Му кажав за сонот, тој побеле како чаршаф, мрморејќи нешто за тоа колку е „луд“ сонот.

Два дена подоцна, тој призна дека бил во комуникација со неговата поранешна, која посегнала да му каже дека е бремена и дека планира да го роди бебето. Тие разговарале со недели, таа дури му испрати морничав цртеж од нив како среќно семејство.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *