11 приказни за познати личности кои се доказ дека ѕвездите се создаваат, не се раѓаат!
На некои луѓе им се паѓа џекпотот во генетската лотарија, па во нивиот пат кон славата, добиваат безусловна љубов и поддршка од нивните семејства. Други, пак успеваат да најдат слава благодарение на нивната непокорност и талент.
Ние ја цениме независноста и напорната работа. Затоа наведовме неколку од нашите омилени познати личности кои навистина се искачија на топ листите благодарение на својот талент, среќата и поддршката од нивните семејства.
1.Селена Гомез

Селена Гомез изгледа како да ужива во центарот на вниманието во поголемиот дел од својот живот. Сепак, на почетокот не било лесно, бидејќи ја воспитувале нејзината мајка, тогаш млад самохран родител, и нејзините баба и дедо.
Иако двете имле прилично големи несогласувања во изминатите години, Гомез сè уште ја изразува својата љубов и обожавање кон нејзината мајка на социјалните мрежи. Таа вели : „Мајка ми значи мојата среќа, мојата љубов, мојот најдобар пријател и светот за мене. Таа е причината поради која се насмевнувам и причината поради која сум овде“.
2. Марк Рафало

Тој е син на фризерка и градежен работник, дете на кое школувањето тешко му одело, па сепак пораснал во плоден театарски изведувач, филмски актер, па дури и во „Одмаздник“ ? Одел во школа за глума и истовремено работел за да ги подмири сметките.
Денес, по долгиот изминат пат, може да се пофали со листа на номинации и награди, вклучувајќи две Еми и Златен глобус.
3. Кристи Тејген

Таа е сега сопруга на пејачот Џон Леџенд, супермодел и инфлуенсер. Таа за прв пат била откриена како талент, кога работела во продавница за сурфање во Калифорнија. Нејзината кариера напредувала благодарение на поддршката од нејзините родители, па затоа таа не се срами јавно да ја искаже љубовта кон нив.
4. Рајан Рејнолдс

Пред неговата ѕвездена филмска кариера, Рајан Рејнолдс бил надежен телевизиски актер со ситни улоги. Тој живеел во Канада со неговите постари браќа и родители. Неговата мајка работела во продавница за малопродажба, додека неговиот татко бил поранешен полицаец.
Неговата кариера сега брои околу 70 филмови. Но, и покрај неговата слава и успех, тој сè уште блика за неговата љубов кон својата мајка, со која има многу блиски односи.
5. Џенифер Лопез

Таа не би била „Џени од блокот“ без нејзиниот динамичен талент и поддршката од нејзиното семејство. Ќерка на наставник и компјутерски техничар , Џенифер Лопез е сè уште една од најплатените изведувачи во Холивуд и важи за поп икона. Всушност, музиката и забавата навистина течат во крвта на Лопез. Нејзината постара сестра Лесли е оперска пејачка и учителка, додека нејзината помлада сестра Линда е новинарка.
6.Бијонсе

„Кралицата Б“ е една од најбараните диви во дваесет и првиот век, а тоа е поради помошта од нејзините родители. Кога започнала во поп индустријата со „Дестинис Чајлд“, мајката на Бијонсе, фризерка, ги дизајнирала и шиела нивните костими. Во исто време, нејзиниот татко , менаџер за продажба, станал и нивни менаџер.
По „Destiny’s Child“, Бијонсе продолжи да создава име за себе со наградувани настапи и песни. Таа, исто така, моментално е успешен претприемач и продуцент со нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи.
7. Џејсон Момоа

Актерската кариера на Џејсон Момоа беше катапултирана, откако го играше Кал Дрого во феноменалната ТВ серија „ Игра на тронови“ . Тогаш му беше понудена ветувачка иднина во Холивуд. Тој сега треба да ја повтори својата улога на титуларниот „Аквамен“, а има и многу акциони филмови во подготовка.
Забавниот актер е и голем семеен човек. И покрај големите успеси како акциона ѕвезда, неговиот однос со децата е незаменлив. Сето тоа е поради неговата врска со неговите родители , кои се поранешни сликар и фотограф.
8. Зендаја

Пред да стане ѕвездат во подем, Зендаја трпела непроспиени ноќи, додека се натпреварувала како дете актер. Таа била придружувана од нејзиниот татко, кој ја напуштил својата професорска работа за да ѝ се придружи на аудициите и да стане нејзин менаџер.
И покрај славата, таа се уште е многу блиска со двајцата родители. Таа во едно интервју споделува : „Навистина сум среќна што ги имам родителите, какви што се. Тие едноставно отсекогаш ми ги всадувале оние основни вредности кои мислам дека морам да ги носам со себе“.
9. Шарлиз Терон

Шарлиз Терон продолжува да докажува дека нејзиниот талент во глумата оди многу подалеку од нејзиниот изглед. Својата русокоса убавина и впечатливи црти дефинитивно ги добила од нејзината мајка Герда, поранешна фармерка и конструкторка на патишта, која сама ја одгледала Шарлиз. Тие исто така делат посебна врска , бидејќи Герда и помага да се грижи за сопствените деца.
Во едно интервју , Терон рече: „Јас сум доволно среќна што имав одлична мајка која навистина ме правеше храбра и секогаш ми велеше да бидам храбра“.
10. Кејт Мидлтон

Речиси сите знаат за слаткото запознавање што се случило меѓу војводата и војвотката од Кембриџ кога тие сè уште биле на колеџ. Оваа средба процвета во една од најдокументираните кралски љубовни приказни. Нејзините родители, пред да станат сопственици на бизнис, работеле во авионската индустрија како диспечер на летови и стјуардеса.
11. Крис Еванс

Да се биде Капетан Америка е големо зголемување на популарноста , особено ако доаѓате од мала средина. Како син на локален театарски режисер и стоматолог, некој би помислил поинаку и би рекол дека Крис Еванс потекнува од богато семејство во Холивуд.
Некои локални жители се дури и шокирани од понизноста на неговото семејство. „Значи утрово влегов кај стоматологот. Мојот стоматолог ме праша како сум го поминал викендот. Реков: „Добро, го гледав „Капетан Америка“ минатата ноќ. Навистина ми се допадна“. И мојот стоматолог рече: „Ох, мојот син е во тој филм“. Мислев дека се шегува додека не сфатив: „Др. Роберт Еванс.“
Која од овие ѕвезди ви е омилена? За кој од нив бевте најизненадени кога ги најдовте на оваа листа?

Коментирај анонимно