11 приказни за училишниот живот на славните кои нè потсетуваат дека и тие се само луѓе

Кога гледаме актери и пејачи, понекогаш се прашуваме каков им бил животот пред светската популарност. На крајот на краиштата, оние што денес сите ги нарекуваат ѕвезди, некогаш биле и обични деца и тинејџери: оделе на училиште, се шегувале и се дружеле со своите врсници.

Ние го пребаравме Интернетот и најдовме интересни информации за адолесценцијата на познати луѓе, раскажани од нивните соученици.

1.

Мајката на најдобрата пријателка на мојата сестра одела во средно училиште со Том Круз во Њу Џерси. Таа рече дека Том бил многу чуден. Таа излегувала со него, но никој не го сфаќал премногу сериозно за ништо. Вели дека бил дури и опсесивен и си помислила „Ах ова буцкасто човече ќе ме прогонува цел живот“. Кога рекол дека ќе зема часови по глума сите мислеле дека зборува глупости. Бил ексцентрик и останал ексцентрик тврди таа.

2.

Одев во истото училиште со Хит Леџер. Еден ден игравме пинг-понг и му го позајмив рекетот. Еден од момците случајно го турнал Хит, а тој изгубил рамнотежа. За да го ублажи падот го искористи мојот рекет и тој се скршил на парчиња. Една недела подоцна тој ми донесе нов рекет.

3.

На фудбалските натпревари патував со автобус. Ги сакав овие патувања. Од која причина? Таму запознав едно момче една година помладо. Секогаш кажуваше смешни работи, имитираше гласови и беше многу кул. Го викавме Роб. Некако го видов ова момче на телевизија и потоа го дознав неговото целосно име – Робин Вилијамс.

4.

Не јас, туку мојот другар се дружеше со Лејди Гага во средно училиште. Рекол дека таа постојано барала каде да пее, а била опседната со желбата да расте како музичар. И сите околу мислеле дека таа нема шанси и ја нарекувале изрод.

 

5.

Мајка ми беше пријателка со Винона Рајдер. Често се облекуваше во целосно црно, а други тинејџери ја исмејуваа, но не и мајка ми. Таа рече дека Винона јадела салата за ручек за да држи диета, но додалава толку многу прелив што тоа воопшто не можело да се смета за диета или здрава храна. А кога излезе филмот „Смртоносна привлечност“, Винона инсистираше мајка ми да оди да го гледа со неа. Потоа престанаа да зборуваат. Мама се надеваше дека ќе ја види повторно,но Рајдер никогаш не се појави.

6.

Се преселив во Луисвил во 7-мо одделение. И мојата прва девојка беше Џенифер Лоренс. Таа беше многу поинаква од мене: потекнуваше од богато семејство, се занимаваше со навивање. Но, и двајцата бевме откачени, па брзо најдовме заеднички јазик. Нејзиното семејство имаше фарма и еден ден таму го прославивме нејзиниот роденден. А потоа 1,5 година подоцна, таа се пресели во Њујорк. Ќе кажам дека во животот е иста како што ја гледате на екранот. Таа отсекогаш била многу гласна и по малку глупава.

7.

Брат ми земаше часови по германски јазик со Крис Прат. Еднаш му кажал на наставникот дека неговиот постар брат е во Германија и може да донесе парче од Берлинскиот ѕид. И тогаш Крис нашол парче бетон на улица, го насликал и го претставил на учителката. Кога последен пат бев на училиште, тоа лажно парче сè уште беше таму.

8.

Учев со Нина Добрев во средно училиште. Се сеќавам дека беше во врска со висок, мускулест дечко кој беше тотален кретен. И таа беше толку слатка, љубезна, добра со сите.

9.

Вујко ми често седел до Никол Кидман во училишниот автобус. Рече дека е класична горда девојка, бледа и со пеги. Била многу повлечена и секогаш сè чувала за себе. Се прашувам како толку повлечени деца се претвораат во харизматични возрасни?

 

10.

Одев во средно училиште со Анџелина Џоли. Таа беше необична девојка и изгледаше дека воопшто не се грижи за мислењето на другите. Подоцна, еднаш ја запознав во Лос Анџелес. Забележувајќи ме, таа се насмевна и замавна со раката кон мене.

11.

Неколку родители на мои пријатели одеа во истото училиште со Мадона. И сите велеа дека е хулиган без разлика каде. Знам неколку смешни случки со неа. Еднаш еден млад наставник по историја дошол на училиште, имал 22-23 години. Кога влегол во училницата, Мадона седела на бирото со грбот кон него. Наставникот ја замолил да седне на нејзиното место. Таа го игнорирала. Кога тој инсистирал, Мадона му рекла: „Оди пожали се кај директорот. Ќе биде импресиониран од фактот што не можете да зауздате 16-годишно девојче“.

 

Имаше ли луѓе кои станаа познати во вашето училиште?

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *