112 – број за итни случаи или бескрајна администарција? Скопјанка раскажува за обид за провала и апсурдноста на институциите кои треба брзо да реагираат
Жителката на Скопје, Вики К. на својот Facebook профил сподели вознемирувачко сведоштво за настан што се случил во раните утрински часови, додека нејзината ќерка била сама дома.

Според нејзината објава, драмата започнала во 02:09 часот.
„ Ќерка ми беше сама дома, а станот ни е на високо приземје, во централно подрачје во Скопје. Во 02.09 минути ми се јавува и со шепотење ми кажува дека на влезната врата се слушаат звуци и очигледно дека некој се обидува да провали внатре“, напиша таа.
Таа веднаш воспоставила постојан контакт со ќерката преку Messenger, а паралелно го повикала бројот за итни случаи 112.
Но наместо брза реакција, како што раскажува, следеле низа прашања.
„Се јавува операторот, му давам точна адреса, му кажувам што се случува, дека е итно и веднаш да прати полиција, ама… првин административни процедури! Не знам колку пати му ја кажав адресата, па име мое, па мој број, па име на ќерка ми, па нејзин број, па пак адреса, па од каде бил влезот, па каде поточно била зградата… При крај на трпение му се развикав веднаш да прати полиција на адресата оти е преитно, а после да ме бара и да растегаме администрација… Повикот траеше една минута и 47 секунди!“
Во 02:13 часот повторно ѝ заѕвонил телефонот — полиција била испратена.
Во еден момент, како што раскажува, куче почнало силно да лае пред влезната врата.
„Упорно, страшно лаење… И тропањето престанува. Најверојатно ‘провалникот во обид’ се исплаши и побегна.“
Полицијата пристигнала во 02:30 часот, односно околу 20 минути по пријавата.
Таа наведува дека полицајците постапиле професионално, извршиле проверка на зградата, подрумите и околината и останале да патролираат во текот на ноќта.
Во својата објава таа упати остра критика кон начинот на постапување при повикот кон 112.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Едно е како човек си замислува одредена услуга, а друго е пракса! Ќе посочам 3 примери со МВР…
1) Додека мајка ми пазареше низ тезгите во Бит Пазар, некој и го украл мобилниот. Дојде дома и ми кажа! Со неа во најблиската ПС во Ново Лисиче да пријавиме кражба. Ми викаат, треба да се иде во ПС каде е украден! Со неа во ПС Бит Пазар. По 1 час чекање инспектор, испрашување, пополна на разно разни обараци и… Уште го нема!
2) Ни влегол некој во подрум ни ја украл зимницата! Со татко ми во ПС Ново Лисиче. Дежурната полицајка вика да почекаме! Чекавме 1-2 часа! Не прими инспектор, испрашување, пополна на обрасци и ништо!
3) Ми го украдоа точакот пред маркет во Ново Лисиче. Со такси до ПС Ново Лисиче. Чекав 1 час! Ме прими инспектор, се жали бил надлежен за 3 општини, но има камери, ќе се најде брзо! Поминаа 8 годни и ништо!
Pazi fraerov pamti so mu ukrale I plus kolku godini pominale od toa cccc ja ne pamtam vcera so sum jal… Pazi I sea dur e ziv ke place za tocakot…. A pazi prijavil u policija zanzimnica deka mu ukrale ahahahhahahaha… MAKEDONCE!!!
Eve sakam da priznam jas ti ja OPNAV ZIMNICATA Vase AHAHAHHAHAHAHAHAHA AAAAAA Slatka bese…
За вакви признание, треба да ти тропни полиција. * Ги повокувам модераторите од Мотика да пријават до полиција* оти секој остава трага од каде е пишувано. Па макар и да е на драпање. Да го викнат на разговор.
A sto ovaa si zamislja kako 911 amerika odma so snajperi specijalci muv muv muvvv zazbivaat vrata vleguvaat ABE LUGE MNOOGU GLEDATE AMERICKI FILMOI A ZIVEETE U BANANA DRZAVA REPUBLIKA SEVERNA MAKEDONIJA!!!
Onoj pa za zimnicata mu ja ukrale FBI vika!!! Specijalci…
Не дај Боже да осетиш на твоја кожа како ќе ти биди!!!
Коментирај анонимно