12 актери кои сè уште блескаат на големото платно и докажуваат дека талентот не избледува со годините

Направивме список на некои холивудски актери и актерки кои и покрај нивната возраст сè уште работат пред камерите и се сè уште врвни на големото платно.

1. Елен Бурстин

Елен Бурстин е родена во 1932 година во Детроит, Мичиген. Таа се прослави со нејзината изведба во филмот, „Збогум Чарли“ , во 1964 година, што ја мотивирало да студира глума кај Ли Стразберг.
Нејзиниот голем успех дојде во 1971 година, кога беше номинирана за Златен глобус и Оскар. Оттогаш, таа започна со својата успешна кариера играјќи во филмови. Во 2022 година, на 89-годишна возраст, таа сè уште глуми во серии како што се „Закон и ред“ и „Првата дама“ .

2. Ентони Хопкинс

Ентони Хопкинс е роден во 1937 година во Велс во Обединетото Кралство. Откако дипломирал во 1957 година, тој се приклучил на Англискиот национален театар кадешто бил поканет од легендарниот актер Лоренс Оливие, кој видел многу потенцијал во Хопкинс.
Во 1967 година, тој почнува да игра на телевизија, започнувајќи ја својата долга актерска кариера со повеќе од 140 филмови. Во 2020 година, на 83-годишна возраст, тој доби Оскар за најдобар актер за неговата изведба во драмската продукција „Таткото“ . Тој сè уште работи активно и моментално го снима продолжението на тој филм, „Синот“ .

3. Џејмс Ерл Џонс

Џејмс Ерл Џонс е роден во 1931 година во Мисисипи, САД. Почнал да учи глума како начин да ја канализира сета енергија што го држела немирен поголемиот дел од времето.
Неговиот длабок и непогрешлив глас му овозможи да им даде гласови на неколку иконски филмски ликови, како Дарт Вејдер и Муфаса од „Кралот Лав“. Во 2022 година, на 91-годишна возраст, тој се вратил за да му даде глас на негативецот од „Војна на ѕвездите “, Оби-Ван Кеноби .

4. Меги Смит

Меги Смит е една од најпознатите и најистакнатите англиски актерки. Родена во 1934 година, таа ја започнала својата кариера во 1950-тите години во театар, а започнала со снимање филмофи во 1956 година. Оттогаш, таа глуми во повеќе од 85 филмови и ТВ серии заедно со најреномираните светски актери.

Нејзините улоги во „Хари Потер“ и „Даунтон опатија“ ја задржаа во очите на јавноста. Моментално на 88 години снима уште еден филм, а најавено е дека ќе биде дел од уште еден кој наскоро ќе почне да се снима.

5. Мајкл Кејн

Мајкл Кејн е роден во Лондон во 1933 година. Како момче го напуштил училиштето за да служи војска. По враќањето, тој се заинтересира за глума и, благодарение на неговото големо сценско присуство, работел со повеќе од 170 продукции како актер.
Во следните години, филмот од 1964 година, „Зулу“ од 1964 година му донесе меѓународно признание, што, заедно со неговиот талент, го направи да стане ѕвезда, како во неговата родна Англија, така и во САД. Во 2022 година, на 89 години, има уште 3 филма кои се планирани или во фаза на снимање, кои ќе излезат на крајот на оваа и на почетокот на 2023 година.

6. Ал Пачино

Ал Пачино е еден од најпознатите актери во кинематографијата, по неговото учество во големи класици, како што се „Кум“ , „Лице со лузна“ и многу други. Сега, на 82 години, тој продолжува да глуми со најпознатите режисери во светот на кинематографијата, како Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино и Ридли Скот. Тој исто така има 2 филма кои се пред прикажување, што докажува дека овој голем актер е далеку од пензија.

7.Сер Ијан Меккелен

Тој се смета за еден од најголемите англиски актери кој имал најголемо меѓународно влијание. Роден е во 1939 година и уште од мал покажувал актерски талент што го навело да одигра неколку Шекспирски улоги во англискиот театар. Во 1964 година, тој започнал да глуми на британската телевизија, а во 1966 година ја добил неповторливата улога во серијата „Дејвид Коперфилд“ .

Тој се здоби со меѓународно признание глумејќи во „X-Men“ и „Господарот на прстените“ . Во моментов, на 83 години, тој продолжува да глуми во независни филмови и во театарот во неговата родна Англија.

8. Морган Фримен

Морган Фримен е роден во 1937 година. Тој добивал помали улоги во независни филмови во 1970-тите. Потоа започнува да игра во посериозни филмски и театарски проекти, па во 1978 година ја добива наградата за најдобар актер, за неговата изведба во претставата, „Моќните господови“ .
Неговото телевизиско деби било во 1971 година на програмата, „The Electric Company“ и оттогаш не престанал да работи. Моментално има 7 најавени филмови кои се или во постпродукција или наскоро ќе излезат.

9. Клинт Иствуд

Клинт Иствуд е роден во 1930 година во Сан Франциско, Калифорнија. Својата актерска кариера ја започнал во нискобуџетни филмови во 1950-тите, како во научно-фантастичните така и во воените жанрови.
Во 70-тите, тој се обиде да стане и режисер. Во својата кариера има освоено 5 Оскари и многу други награди за неговата работа и како режисер и како актер. Неговото пензионирање се уште не е објавено, па се очекува наскоро да биде пред или зад камерите на некој друг филм. Во 2021 година, тој глумеше и го режираше „Cry Macho“ .

10. Алан Алда

На 86 години, Алан Алда сè уште игра предизвикувачки улоги, како во шоуто „Реј Донован“ . Кариерата ја започнал многу млад, во 1958 година, на 22-годишна возраст, во телевизиски серии. Неговиот најголем успех беше „MASH“ , продукција која се смета за ТВ класика.

11. Хелен Мирен

Хелен Мирен е англиска актерка родена во 1945 година. Таа почнала да глуми уште на многу млада возраст во претстави на училиште, што ја мотивирало целосно да се посвети на актерството кога ќе го заврши средното училиште. Нејзината огромна кариера опфаќа над 135 актерски улоги и 6 проекти кои треба да бидат објавени во текот на оваа година и во 2023 година.

12. Џуди Денч

Џуди Денч е родена во 1934 година во Англија. Започнала да учо во Централното училиште за говор и драма во нејзината родна земја. Подоцна станала и дел од Кралскио Шекспир театар и Националната театарска екипа.
Има добиено повеќе награди за нејзините настапи во Англија и во странство. Нејзината кариера има повеќе од 130 актерски улоги, а на 87 години има уште еден филм кој треба да биде објавен.
Кои се вашите омилени филмови во кои се појавуваат актери ветерани? Кажете ни во коментарите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *