12 вистинити приказни кои ќе ве наежат

Ако постоеја други универзуми кои работат покрај нашиот и способноста да патуваме низ времето, тоа би можело да објасни некои чудни работи што им се случуваат на луѓето. Како деца кои имаат чудни визии, луѓе кои двапати го доживуваат истото или сонуваат нешто што всушност се случува следниот ден. Некои луѓе ги споделија своите морничави приказни на интернет, и тие гарантирано ќе ве наежат

1.

Кога бев мала имав имав замислен пријател и често си игравме заедно.
Таа имаше црвена виткана косат и нејзиното име беше Клер Нагет.

Многу подоцна во животот открив дека мојата пра-прабаба имала црвена виткана коса и се викала Клер Нагет.

2.

Татко ми почина пред 20 години, и некое време после тоа мојот 3-годишен внук беше кај нас и почна да се смее „Види! Дедо е овде, се смее“.

3.

Сонував како сме на забава и еден другар кој што почина беше таму и плус мојата другарка Челси. Нашиот починат другар ни кажа дека тој е дорбо и да не се грижиме.

Следното утро, Челси ми се јави и ми кажа за сонот што го имала. Беше идентичен на мојот.

 

4.

Кога син ми имаше околу 4-5 години ми рече „Дали се сеќаваш кога јас бев голем, а ти беше мал и често одевме да ручаме покрај реката?“

Тој беше крстен по мојот дедо кој како мал ме носеше покрај реката на пикник.

5.

Една вечер пред спиење мојот 3-годишен син ми рече „Мамо, тебе те сакам повеќе од мојата лажна мајка“.
Јас: „Која е лажната мајка?“
Тој: „Не можеш да ја видиш, таа доаѓа откако ти ќе ме легнеш да спијам“.

6.

Кога имав 5 години си играв низ куќата и одеднаш мојата играчка, воз, се подигна во воздух. Тоа траеше околу 5 секунди и за тоа време јас едноставно се стаписав.
Потоа ненадејно падна и јас почнав да вриштам и да плачам.

Единствената личност што беше во куќата беше мојата дадилка и таа беше во кујната. Се разбира дека никој не ми поверува.

7.

Мојата ќерка прозборе многу рано. Кога имаше 18 месеци ни викаше „Знаеш мамо, јас се сеќавам пред 125 години кога бев мртва…“
Се разбира никогаш не сме го дискутирале концептот на смртта со неа на тие години.

8.

Мојот 2-годишен син сакаше да вози мотор.
Му рековме „Тоа е опасно“.
Тој одговори „Не грижете се. Ќе носам кацига овојпат“.

 

9.

Сонував како разговарам на телефон со мојот вујко кој го немам видено со години.
Подоцна тој ден, тој ми се јави и сакаше да зборува за истата работа за која зборувавме во сонот.
Навистина ме извади од памет…

10.

Месецот и денот кога се роди брат ми се исти како раѓањето на баба ми.
Датумот кога почина е истиот кога почина баба ми.

11.

Го носев син ми од тоалетот во неговата соба. Одејќи низ ходникот погледнав во спалната и како што поминував помислив дека видов некој човек како седи на мојот кревет. Си помислив дека моите очи и сенките прават трикови со мене и не реков ништо.
Тогаш мојот син ме праша: „Кој е тој стар човек што седи на твојот кревет мамо?“

12.

Кога имав 14 години си легнав да спијам во моето вообичаено време и се разбудив два дена подоцна.
Се симнав долу во паника и го прашав моето семејство дали знаат дека јас спијам цели два дена и што се случило.
Тие целосно го игнорираа моето прашање и само ми рекоа да седнам и да доручкувам.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Филип напиша:

    11. му правела филмови на сопругот, откако видела дека незиниот син го видел швалерот.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *