13 луѓе го објаснија вистинското значење на нивните навидум обични тетоважи и ни ја сменија целата перцепција за тетовирањето

Во текот на нашите животи, постојат луѓе, места, настани, па дури и домашни миленици кои навистина ни оставаат посебен впечаток. Иако сите можеме да се поврземе со тоа, има и други кои исто така треба на некој начин да го екстернализираат ова чувство. А најдобриот начин да го направите тоа е со тетоважа која може да ја претставува таа посебна пресвртница во нивните животи и да го задржи тој момент жив на нивното тело и во нивната меморија засекогаш.

Избравме тетоважи со приказни кои навистина нѐ трогнаа и ни докажаа дека тетоважата може да биде жив спомен изгравиран на вашето тело.

1. „Добив зелена лента (симбол на донирање органи) истетовирана на лузната откако му донирав бубрег на мојот братучед“.

 

2. „Татко ми секогаш ни кажуваше легенди за колибри. Кога веќе не беше со нас, колибри се појавија насекаде, дури и на гробиштата – тие беа таму!“

„Како да ни кажуваше дека е добро, дека не треба да страдаме и дека секогаш ќе биде со нас. Затоа решив да му истетовирам колибри и моето омилено цвеќе во спомен, и како секое утро да доаѓа да ме поздрави! Ми недостигаш, тато“.

 

3. „Оваа тетоважа ги претставува моите родители. Тие се во брак речиси 50 години и се душички, сопружници и најдорби пријатели. Мојот пример што треба да го следам, тие се сакаат до ден-денес“.

 

4. „Истетовирав гитара во чест на татко ми кој ја сакаше музиката – дури и на неговиот надгробен споменик ја изгравиравме сликата на неговата гитара“.

 

5. „Иницијалот на мојот син и дел од сложувалката, тој има аутизам“.

 

6. „Почит на дедо ми кој ѝ помогна на мајка ми да ги израсне моите сестри и мене кога татко ми не напушти. Посади кафе што го продаваше за да биде плус заработка на пензијата и да може да ни обезбеди сè што ни треба“.

 

7. „Пред 2 години поминав низ тешка ситуација: јас и мојот партнер раскинавме, ја изгубив работата, а на татко ми му беше дијагностицирана појава на ментална болест, сето тоа во истата недела. Оваа тетоважа е потсетник за себе дека можам да процветам дури и во услови на неволја“.

 

8. „Вистински бакнеж од баба ми – го направив со сестра ми“.

„Баба ми секогаш ни даваше бакнеж кога можеше, но постепено нејзината деменција и Алцхајмерова болест ја направија помалку приврзана. Речиси никогаш повеќе не дава бакнежи, но јас и сестра ми ќе носиме еден со нас засекогаш“.

 

9. „Во спомен на моите 4 бебиња кои ги имав во утробата, но никогаш во моите раце“

 

10. „Ова е цртеж што сестра ми го направи 3 години пред да не остави, а поминаа 13 години откако тоа се случи“.

„Минатата година, на денот на нејзината дванаесетгодишнина од смртта, го нацртав како почит на нејзиниот спомен. Тоа мало мајмунче што таа го нацрта ми остана во сеќавање засекогаш, бев многу млад кога тоа се случи. Се чувствувам многу утешно бидејќи носам дел од неа со себе…“

 

11. „Во спомен на првото маче што го сакав со сета моја душа – пред 2 години исчезна…“

 

12. „Тие се мои деца, средниот повеќе не е со нас“.

 

13. „Јас и моите деца сме на левата рака, а мајка ми и татко ми се на десната. Тие полетаа заедно пред 6 години…“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *