14 чудни суштества кои дефинитивно не се од оваа планета

На нашата планета има многу животни на чие постоење е тешко да се поверува. Некои од нив се издвојуваат од останатите по изгледот, додека други по своите вештини и навики. Еве неколку видови кои нема да ги сретнете на секој чекор.

 

1. Златните лангури ја менуваат бојата на крзното во зависност од сезоната: во зима се портокалови, а во лето бојата станува крем.

 

2. Црнооки жаби кои живеат на дрва – Покрај шармантните очи имаат уште една необична карактеристика: нивната кожа ги рефлектира ултравиолетовите зраци.

 

3. Инсектот „Catacanthus incarnatus“ беше популарно наречен „буба со човечко лице“.

 

4. Ракот „декоратор“ создава украси од сè што ќе најде во водата, со нив ја покрива својата школка и на овој начин се крие од предаторите.

 

5. Тајра – Ова животно има слаб вид , што не го спречува да се качува на дрвја високи над 40 метри и да се спушти оттаму.

 

6. Научниците кои го открија ракчето „Synalpheus pinkfloydi“ го именуваа по нивната омилена група Pink Floyd.

 

7. Порпитите се водни организми, големината на секој не е поголема од 3 см, но заедно се собираат во колонии, под кои се кријат некои риби.

 

8. Морските јагули имаат две вилици и нивните испакнати ноздри работат како сензори, им помагаат да ловат и да се заштитат од предатори.

 

9. Африканска антилопа – екстремно мали антилопи чии стапала се специјално направени да се држат и на карпести површини, зашто создаваат како вакуум. Па така можат да скокнат и на место со големина на орео колаче.

 

10. И покрај застрашувачкото име, алигаторската штука е многу неодлучна риба. Тешко е да се фати бидејќи веднаш ја пушта мамката штом почувствува отпор.

 

11. Triglidae се риби со нозе кои им овозможуваат да одат по дното.

 

12. „Имитирачот на мравки“ ги плаши предаторите на оригинален начин. Таа создава израстоци на нејзиното тело кои наликуваат на мравки.

 

13. Свилените кокошки се одликуваат со меки пердуви, слични на крзно. Но, поради таквите пердуви, тие ни малку не можат да летаат.

 

14. „Шлем птица“ – тежината на черепот (заедно со клунот и шлемот на него) е приближно 10% од вкупната тежина на оваа птица.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.