14-годишник од Велес пронајде 46.000 денари, ги предаде во полиција – вратени кај сопственикот

Илија Гигов, на пат кон училиште, пред Стопанска банка пронашол книшка со 46.000 денари  – сума која за многумина би била искушение. Но не и за него.

Без ни секунда двоумење, Илија најпрво ги известил своите родители, а потоа и полицијата, постапувајќи зрело, одговорно и со исклучителна човечност. Благодарение на неговата чесност, парите брзо биле вратени кај вистинскиот сопственик.

Овој гест не е само добра вест – тоа е силна порака . Во свет полн со предизвици, Илија покажа дека моралот, воспитувањето и хуманоста немаат возраст.

Тој не само што постапи правилно, туку стана пример кој инспирира.

Велес денес не зборува само за изгубени и пронајдени пари – туку за пронајдена надеж дека добрината сè уште живее меѓу нас.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *