14 годишно момче е избодено до смрт во трговски центар, откако се обидел да ја одбрани својата „девојка“ од двајца момци коишто ја следеле

Момче од Вајоминг било избодено до смрт додека се обидувало да ја заштити својата девојка од пар тинејџери во трговски центар.

 

 

 

Роберт Дин Махер (14) починал откако во неделата бил прободен двапати во стомакот со украден кујнски нож во трговскиот центар Истриџ во Каспер. Доминик Антонио Ричард Харис и Џерет Џозефли Сабастијан Планкет, и двајцата 15 годишни, беа уапсени истиот ден во близина на трговскиот центар.
Тие се обвинети како полнолетни за злосторнички заговор да извршат убиство, тежок напад и прекршочна кражба, како што објави „Cowboy State Daily“.

Полицијата реагираше на местото на настанот откако прими повик за онесвестено момче пред бифето „Хибачи“ во трговскиот центар. Во изјавата се вели дека Махер бил избоден двапати за време на кавгата.

Сведоците и рекле на полицијата дека дошло до расправија меѓу луѓето наречени „Џеј Џеј“ и Дом. Наводните напаѓачи носеле маски со качулка.

 

 

Пријателот на Махер кој го придружуваше до трговскиот центар изјави дека тие биле таму затоа што се јавила девојката на Махер велејќи дека двајца мажи ја следат.

Откако Махер ги видел момците во трговскиот центар, тој наводно постојано им кажувал на Џеј Џеј и Дом да си заминат. Групата потоа се преселила во просторот надвор од вратите на трговскиот центар, каде што настанала физичка пресметка. Пријателот на Махер и рекол на полицијата дека Дом го удрил Махер на земја пред Џеј Џеј да излезе и да го избоде.

 

 

Таткото на Махер со скршено срце напиша на Фејсбук: „Боби, почивај во мир, многу ми недостигаш. Тато беше толку горд на тебе и те сакаше толку многу, толку многу! Толку сме уништени што ништо не може да те врати, те сакаме Боби, никогаш нема да бидеш заборавен! Умирам внатре и надвор во моментов и ќе умирам засекогаш“.

Според полициските интервјуа, имало претходен инцидент во паркот во Евансвил помеѓу Махер и осомничените, кои тврделе дека ги нарекол „изроди“.

 

 

Планкет потоа, наводно, прашал еден од пријателите на Махер дали сакаат да го платат „крвниот долг“ на Махер. Двајцата, исто така, ѝ рекле на полицијата дека ги украле кујнските ножеви од „Таргет“ пред смртната расправија.

Семејството на Махер напрви „GoFundMe“ кој собра над 33.000 долари за трошоците за погреб.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Жарко Г. напиша:

    И после некој нека ми кажи дека оваа скапаница од држава треба и мора да ми биди идол во животот. Ама дермократија му даваат на својот народ…бог да те чува. А, истата таа демократија сакаат да ја наметнат и на остатокот од светот. Не, не и сто пати ќе кажам НЕ, за таквата демократија.
    Ако е и од Каубојција, премногу е…доста е!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *