14 мистериозни и провокативни предмети кои ќе ве збунат со нивната намена
Некои луѓе уживаат да истражуваат стари продавници, додека други се сопнуваат на скриени богатства во нивните подруми. Сепак, тие споделуваат заедничко искуство – наидуваат на чудни предмети и на почетокот се борат да ја увидат нивната цел. За среќа, интернетот изобилува со експерти подготвени да помогнат во разоткривањето на овие енигми.
1. „Нарачав пратка од Амазон и ова го добив без да го нарачам. Што е ова?“

Одговор: „Изгледа како држач на уста на риби, што не би ги повредил“
2. „Го најдов во собата на татко ми“

Одговор: „Се става на чевли, за да не се лизга кога има мраз“.
3. „Цврсто е, но и се мрда по малку. Го најдов во кујната. Што е ова?“

Одговор: „Во дупката влегуваат краевите на големите лажици, или црпалки и ова помага да ги чувате заедно“.
4. „Мојот колега е собирач на стари предмети и не може да го идентификува ова“

Одговор: „Тоа е тестер на искри за мал мотор“.
5. „Го најдов ова гумено нешто на бирото во мојата канцеларија“

Одговор: „Тоа е држач за шише со вода“.
6. „Ова беше главна тема на вечерата денес“

Одговор: „Тоа е цедалка за лимон“.
7. „Зошто оваа вц школка е облкувана вака?“

Одговор: „За да може да се земаат примероци од измет во неа“.
8. „Неколку шарени, пластични предмети“

Одговор: „Можеби се остатоци од некој детски сет за играње“.
9. „Што е ова во облик на вц школка со лажица?“

Одговор: „Веројатно е соларник“.
10. „Го добив ова како подарок на конвенција, ама не знам што е“

Одговор: „ Тоа е пренослив држач за ќеса за отпадоци или за измет на миленици“.
11. „Моите деца ги добија овие за Ноќта на вештерките“

Одговор: „Тоа се матрици, популарни во 90тите“.
12. „Златно обоен стаклен предмет“

Одговор: „Тоа е украсен предмет“.
13. „Го најдов ефтино, на распродажба“

Одговор: „Служи за отворање на меко варено јајце“.
14. „Метален предмет во облик на ракета. Има три перки, а крајот на завртката излегува од основата“

Одговор: „Мешалка за сол и бибер“.

Коментирај анонимно