15 факти за „Ѕвездени патеки“ кои докажуваат дека серијата била светлосни години пред своето време
„Ѕвездени патеки“ беше револуција. Сè започна во 60-тите, но и до ден-денес сè уште се произведуваат нови франшизи, а маркетингот е попопуларен од кога било. Серијата прикажува иднина полна со меѓугалактички авантури и успеа да собере многу верни обожаватели. Накратко, „Ѕвездени патеки“ имаше и ќе продолжи да има долг живот и просперитет.
Ние ви донесуваме неколку забавни факти кои можеби не ги знаете за оваа легендарна научно-фантастична серија.
1. Спок требало да биде црвен

Познатиот Спок, познат по својата карактеристична веѓа, недостаток на емоции и добро познатиот гест на раката, требало да има многу поинаков изглед од оној што го знаеме. Креаторот на „Ѕвездени патеки“ предложил дека освен зашилените уши, требало да има и црвеникава боја на кожата за да му даде повеќе неприроден изглед.
2. Еди Марфи требало да биде дел од универзумот на „Ѕвездени патеки“

Во 80-тите, требаше да се снима филм за „Ѕвездени патеки “, а еден од креаторите дознал дека Еди Марфи е обожавател на шоуто. Во тоа време актерот често бил присутен во студиото на „Парамаунт“ , па за него бил напишан посебен дел. Неговата улога требало да биде астрофизичар, но сцените никогаш не биле искористени затоа што решилд да му дадат нов пресврт на заплетот.
3. Стивен Хокинг има посебна улога во приказната

Физичарот бил единствениот човек кој се играл сам себеси во серијата. По состанокот за премиерата на трејлерот на „Ѕвездени патеки “, Леонард Нимој, кој го играше Спок во оригиналната серија, дознал дека Хокинг е заинтересиран да се појави во шоуто. Актерот го договорил славниот физичар да се појави на„ Star Trek: Next Generation“ во 1993 година.
4. Леонард Нимој го создал „вулканскиот“ поздрав

Познатиот „вулкански“ поздрав го смислил актерот на Спок, Леонард Нимој. Поздравот станал толку познат што станал дури и „емоџи“. Кога актерот почина, социјалните мрежи беа преплавени со луѓе кои го пресоздаваа поздравот на Вулкан во чест на Нимој.
5. Многу од технологијата во „Ѕвездени патеки“ стана реална

„Ѕвездени патеки“ првпат се емитуваше во 1966 година, но се случува во многу далечна иднина. Беше јасно дека ќе има футуристички машини, особено гаџети поврзани со вселенски патувања. Еден од нив бил и репликаторот, кој ги подготвувал оброците за неколку секунди. Благодарение на „3Д“ печатачите кои можат да материјализираат предмети за кратко време, правењето оброци на тој начин наскоро ќе стане реалност.
6. „Ѕвездени патеки“ се бореле со етничка и родова еднаквост

„Ѕвездени патеки “ пред повеќе од 50 години претстави утописка иднина каде што има добри односи и еднаквост меѓу сите, без разлика на етничката припадност или полот. Сето ова го опфаќа ликот на поручникот Ухура. Таа е жена , Афроамериканка и има витална улога во серијата како суштински дел од функционирањето на тимот.
7. Во серијата се користеле шеги кои тимот си ги разбирал

Многу од цевките што можеа да се видат на бродскиот сет од оригиналната серија „Ѕвездени патеки“ го имале натписот „GNDN“, што означувало „Не оди никаде, не прави ништо“. Тоа било мала внатрешна шега што ја имале актерите и креаторите, а била реплицирана на бродовите направени години подоцна.
8. Капетанот Кирк не ни бил во пилот епизодата

Во пилот епизодата не се појавува симболичниот капетан Кирк, туку уште еден лик кој бил отстранет од сценариото кога пилотот бил одбиен. Продуцентите морале да се борат да ја задржат серијата, но морале и малку да го сменат заплетот.
9. „Star Trek: The Next Generation“ имала најголема оценка од франшизата

Серијата од 1980-тите имаше најголема оценка од сите серии направени од „Star Trek“ . Стана највисоко оценето шоу при крајот на неговото прикажување и помогна следните серии да бидат одобрени. „Парамаунт“ лансираше спин-оф на серијата, која не ја постигна популарноста на „Следната генерација“, но имаше доволно гледаност за да биде во етерот 7 сезони.
10. Креаторот не сакал ќелав капетан

На креаторот на „Ѕвездени патеки“ Џин Роденбери не му се допаднал ликот на Патрик Стјуарт како капетан. Мислел дека е талентиран британски актер, но едноставно не мислел дека е добар за улогата, меѓу другото, затоа што е ќелав. Всушност, тој сакал актерот да носи перика кога одел на аудицијата. Претседателот на „Парамаунт“ после аудицијата рекол : „Вработи го англискиот актер, но извади ја периката“.
11. Цела епизода е напишана за Робин Вилијамс

Сценаристите на серијата сакале Робин Вилијамс да се појави во петтата сезона на „Следната генерација“ од 1991 година. Актерот бил обожавател на серијата. Исто така, сценаристите на шоуто биле обожаватели на Вилијамс и така се родила идејата тој да биде специјален гостин. Тие создале цела епизода за него, но тој не можел да присуствува на снимањата поради други ангажмани.
12. Џорџ Р.Р Мартин за малку и да работел на серијата

Сценаристот на „Игра на тронови“ , Џорџ Р. Р. Мартин, имал интервју за да биде дел од тимот за пишување на серијата. Но, тој вели за себе дека пишува научно фантастички романи, на што тиетимот на „Ѕвездени патеки“ одговориле дека нивната серија не е научно-фантастична, туку е шоу за луѓе. Па така, не се сложиле баш околу идеите и Џорџ не го поминал интервјуто.
13. Телепортацијата е измислена како начин да се смалат трошоците

Телепортацијата во „Ѕвездени патеки“ е од суштинско значење за заплетот. Сепак, ова било начин кој го извадиле сценаристите од ракав за да не се зголемат трошоците за производство.
14. Фановите го спасиле првото шоу

„Ѕвездени патеки“ беше првото шоу кое ја виде важноста на обожавателите. Во 1968 година, кога се планирало да ја откажат серијата по две сезони, некои фанови на научната фантастика организираа масовно испраќање писма за да се обидат да ја спасат серијата. Благодарение на ова е направена уште една сезона, а потоа и филм, а останатото е историја. Денес благодарение на овој момент, фановите уште уживаат во приказните на „Ѕвездени патеки“.
15. Бакнежот кој предизвика фама

Во 1960-тите, кога многумина сè уште не се гледаа парови од мешана раса, „Ѕвездени патеки“ навлезе и даде трошка надеж за идните врски, кога беа прикажани белец и афроамериканка како се бакнуваат. Така стана револуционерно шоу.
Дали сте вие фан на „Ѕвездени патеки“?

live long and prosper
Коментирај анонимно