15 знаци дека еден Американец предолго живеел во Македонија

15 знаци дека еден Американец предолго живеел во Македонија:

 

  1. Кога секој втор збор му е „Е*ати“.
  2. Кога ја чукнува соларката од маса пред да си стави сол.
  3. Кога грицка семки во кино и ги фрла лушпите под седиште.
  4. Кога во сообраќајна си чува 20 евра „ако затреба“
  5. Кога ќе сфати дека пред Македонија не знаел вистински да пцуе.
  6. Кога веќе не кочи на пешачки — само свири.
  7. Кога за секоја своја мака вика: „Е државава е крива.“
  8. Кога ќе почне да оди на кафе „на 5 минути“, а се враќа после 3 часа.
  9. Кога веќе не му е чудно што на 50 метри има 7 кафулиња.
  10. Кога во театар прво прашува кај е кафулето, па после која е претставата.
  11. Кога ќе научи дека „одма“ значи од 10 минути до 3 дена.
  12. Кога ќе престане да се нервира за дупките по улиците и автоматски ги избегнува.
  13. Кога веќе знае кај може „на вересија“.
  14. Кога ќе сфати дека „ќе завршиме работа“ е официјален начин на живот.
  15. Кога ќе се врати во Америка и ќе му фали кафето од 120 денари и муабетот од 4 саати.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *