16 морничави детски приказни кои ќе ви ја замрзнат крвта

Децата се познати по својата бујна имагинација, што значи дека тие често создаваат приказни во главата кои не се засновани на реалноста. Тие се исклучителни и во лажењето, но не затоа што сакаат да ги измамат другите, туку затоа што всушност веруваат во нивните измислени приказни. Тие, исто така, може да лажат за да видат што ќе се случи и како ќе реагираат нивните родители и другите возрасни. Резултатите понекогаш се застрашувачки.

  • Детето кое го чувам еднаш ме замоли да си играм во подрумот и кога бевме таму долу и игравме тој рече „Кога ќе те стават во кутија и никој не може да те слушне. Никој не може да те слушне и овде долу“. Потоа ме касна.
  • Мојот 5-годишен син ми кажа дека ќе се ожени со Јулијана. Не познавав никој со тоа име. Разгледав низ училиштето, маалото, дури и меѓу неговите братучеди, но не најдов никој со тоа име. Еден ден го прашав: „Синко, каде живее Јулијана? а тој одговори дека уште не е родена.
  • Мојот 4-годишен син цело време вели дека живеел во Франција. Еден ден, гледавме телевизија, кога се појави слика од музејот Лувр, која тој не ја ни знае. И тој рече: „Види мамо, тоа е Лувр, во Франција, јас бев таму!“

 

  • Кога мојата внука имаше 7 години, нѐ праша зошто ги чуваме сите мртви баби на таванот. Потоа таа се насмеа.
  • Синот на соседот, кој имаше околу 5 години, еден ден дојде да си игра кај мене. Тој седеше на креветот во мојата соба, гледајќи во таванот и рече: „Твојата куќа не е убава, но ми се допаѓа затоа што претходно живеев овде“.
  • Ќерка ми игра криенка со дедо ѝ. Ништо посебно досега, дури ѝ помагам да го побара на некои места. Работата е во тоа што таа никогаш не ги познавала своите баба и дедо.
  • Секоја вечер до 9-тата година, ќерка ми се будеше, ме допираше за рака и се враќаше во кревет. Еден ден ја прашав зошто. Таа рече: „Сакам да се уверам дека си добро. Мојата прва мајка почина во сообраќајна несреќа.

  • Мајка ми го праша мојот 3-годишен брат каде сака да ја направи роденденската забава. Тој одговори: „Никаде, мојата забава ќе биде во рајот“. Тоа беше најтешкиот месец во животот на мајка ми. Мојот брат сега има 22 години. Кој знае зошто го кажа тоа
  • Мојот внук имаше некој со кој разговараше кога беше бебе. Неколку години подоцна, мајка му му покажа фотографија од дедо му, а тој рече дека тоа е пријателот со кој разговарал.
  • Мајка ми беше бремена, но никој не го знаеше тоа, дури ни таа. Затоа, отидов кај неа и ѝ реков: „Мамо, тоа е момче!“ Ме праша да не сум луда што зборувам, но набргу потоа дозна дека навистина е бремена.

  • Една ноќ, мојата мала сестра се разбуди исплашена и отиде во собата на моите родители да спие со нив. Пред да се врати да спие, таа отиде до тоалетот до собата на моите, а кога излезе рече: „Зошто има луѓе во вашиот тоалет мамо?
  • Мојот 3-годишен син му кажа на својот педијатар дека и тој е лекар, но дека се грижи за постарите. Дури и ме замоли да потврдам, бидејќи според него, јас сум бил таму, до него кога го правелтоа.
  • Јас, мајка ми и внука ми бевме на шопинг, а мајка ми избра фустан и внука ми рече „тоа би изгледало убаво ако го носиш на погреб“. На враќање дома од продавница, мајка ми доби телефонски повик дека нејзиниот братучед починал и таа го облече токму тој фустан на погребот.

  • Мојот син, кога имаше 3 години, ми рече дека има сестра од облак со црни очи и заби, но таа е фина. Ме исплаши.
  • Мојата ќерка (3) едно попладне покажа кон моите гради и рече „тоа се за млеко“. Реков дека беа кога таа беше бебе, но не повеќе, а таа рече „не, тие се повторно“. А потоа два дена подоцна дознав дека сум бремена.
  • Еднаш имав една бејбиситерка која одби да дојде повторно во мојата куќа, откако го слушна мојот тогаш 3-годишен син во разговор со „човекот што живее на таванот“. Години подоцна, во истата куќа, возач на Uber ме зема и вели дека порано живеел во нашата куќа. Потоа ме праша„Дали тој дух сè уште живее овде“?

  • Nove напиша:

    toj duh e gavol. mnogu pati pisuvam i ke pisuvam iako mnogu se ne veruvaat. samo Gospod da im pokaze zasto mnogu gresat.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *