18-годишен деликвент бил доста креативен во бегството! Но направил грешка што ДИШЕЛ!

Дисквалификуваниот возач Џошуа Добсон (18) од Рочдејл, се обидувал да ја избегне полицијата на Голем Манчестер, откако украл автомобил и не платил гориво во мај.

Додека полицајците го барале тинејџерот, тие на крајот влегле во неговиот дом и биле запрепастени кога ги пречекало плишано мече долго 5 метри – пред да сфатат дека Добсон го распарал мечето одоздола и се скрил во него.

Добсон минатата недела беше осуден за кражба на моторно возило, возење дисквалификуван и излегување од бензинска пумпа без да плати и ќе помине девет месеци зад решетки. Деталите за неговото бизарно апсење во Рочдејл беа откриени на сослушувањето на пресудата пред Судот на Манчестер во петокот.

Полицајците забележале дека мечето било во аголот на собата и им требало време да сфатат дека тоа всушност дише. Внатре го пронашле Добсон и го извлекле од гушкачката играчка.

Тој бил баран од полицијата од мај, откако земал возило Mitsubishi ASX пред да украде гориво од 30 фунти на блиската бензинска пумпа.

Во објава на Фејсбук, полицијата во Рочдејл рече: „Џошуа Добсон го баравме откако украде автомобил во мај и не плати гориво истиот ден. Кога отидовме да го уапсиме, нашите полицајци забележаа голема мечка како дише на адресата пред да го најдат Добсон скриен внатре. Сега е заглавен зад решетки откако минатата недела беше осуден за кражба на моторно возило, возење додека е дисквалификуван и излегување од бензинска пумпа без плаќање. Се надевам дека ќе има подносливо време внатре“.

Речиси сите луѓе го исмејуваа младичот за одлуката со проникливи коментари. Исто така и се прашуваа колку е тој голем штом го собрало во ова мече.

Додека пак еден корисник сподели дека негов другар го имало направено истото ова, но тој успеал во идејата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *