23-годишен возач со „Мини Купер“ удри во бандера па во дрво – тројца повредени во Аеродром

Три лица се здобиле со повреди во сообраќајна незгода што се случила утринава на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, во близина на трговскиот центар „Скопјанка“, во населбата Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:10 часот. Патничко возило „Мини Купер“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишен жител на Скопје, излетало од коловозот, по што удрило во метален столб за осветлување и во дрво.

Во незгодата повредени се возачот, како и двајца сопатници на возраст од 25 и 21 година, сите од Скопје. Тие биле пренесени во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди.

 

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на abe ajde Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *