„Ручек од „Мекдоналдс“, за вечера пржено пилешко!“ 252 килограми тешка жена изгубила 140 килограми, откако се заглавила во тобоган поради нејзината големина

Сара Локет (25) од Вашингтон, тежела 252 килограми кога се заглавила на лизгалка во паркот и сопругот морал да ја извлекува од таму.

Мајката на две деца признава дека внесувала по 3.000 калории дневно, која се состои од поп-тартови за појадок, „Мекдоналдс“ за ручек и пржено пилешко за вечера.

 

Меѓутоа, откако решила да оди под нож за да и стават гастричен балон во обид да го промени својот живот, Сара ослабела 140 килограми и се чувствува подобро од било кога.
Таа рекла: „По мојата бременост, се здебелив многу и не можев да се вратам поради тоа што страдав од различни состојби како што се прееклампсија и гестациски дијабетес. Исто така, немав најдобар начин на исхрана и страдав од прејадување. Јадев што можам во текот на денот, а потоа имав две вечери навечер и многу грицки“.

 

 

„Се чувствував ужасно. Не сакав да излегувам во јавност со мојот сопруг, Принц (30) и децата, Амелијана и Роман. Дури и одењето во парк со нив беше ужасно искуство. Еднаш мојот син беше премногу исплашен да се спушти сам по тобоганот и сакаше да пробаме заедно. Па, се обидов да одам со него, кога наедшнаш се заглавив и не можев да се спуштам понатаму“.

 

 

„Мојот сопруг мораше да дојде и да ме извлече, а јас морав да скокнам од тобоганот. Тој момент ми е оној судбоносен. Знаев дека морам да пробам нешто друго за да си го вратам животот“.

По една година обид за слабеење преку здрава исхрана и вежбање, Сара не постигнала никаков напредок, па дури и била дијагностициран „PCOS“ што ќе и го отежне нејзиното слабеење.
Таа вели дека и било предложено да проба гастричен балон како средство за слабеење и да и помогне во балансирање на хормоните.

 

Сара вели: „Имав операција во септември 2021 година и за среќа, осигурувањето ми плати 98 отсто од неа. Имав измешани чувства за операцијата. Бев толку возбудена, но знаев дека тоа ќе биде и ментално патување каде што требаше да работам на балансирање на мојот животен стил и мојот однос со храната.

По операцијата, поминав низ фазите за опоравување. Морав да почнам со течна диета пред да преминам на диета со мека храна додека се приспособував на мојот нов стомак.

Тежината почна да се намалува и беше навистина охрабрувачки, но почнав да забележувам огромни промени кога почнав да вежбам премногу шест недели по мојата операција.
Мојата целна тежина беше околу 154 килограми, но успеав да го надминам тоа. Сега имам 116 килограми, што е неверојатно.  Стана подобро отколку што некогаш очекував од себе“.

 

 

По години криење во широки маици и хеланки, Сара сака повторно да помине низ модно искуство.

Таа вели: „Се враќам во мојот уличен стил кој целосно го изгубив кога се здебелив. Повторно експериментирам со мојата облека бидејќи ми се врати самодовербата и се чувствувам одлично. Се чувствувам како повторно да ми се врати животот. Се чувствувам и изгледам подобро од кога било“.