28 годишна девојка „копач на злато“, вели дека нејзиниот 53 годишен дечко, милионер, е најдобриот „пастув“ што некогаш го имала во спалната

Млада мајка чиј сопруг милионер е 25 години постар од неа, тврди дека тој е најдобриот љубовник што таа некогаш го имала бидејќи е „како пастув“ во креветот и покрај тоа што непознатите рекле дека може да и биде дедо.

 

 

Лејла и Брус Грифин за прв пат се сретнале додека таа бараше нешто лежерно со „стабилен маж“, но парот веднаш набрзо станале неразделни.

28-годишната девојка од Енфилд, северен Лондон, вели дека 53-годишниот претприемач и сопственик на неколку бизниси и го привлекол вниманието бидејќи бил финансиски стабилен, смешен, приземјен, зрел и исто така „вистински господин“.
Но, таа тврди дека искри летале и во спалната соба поради нивната голема емотивна поврзаност – како што признава, ако и биле врзани очите, би помислила дека „тој има 21 година, а не 50“.

 

Тие купиле куќа заедно само четири месеци подоцна и се венчале овој јули.
Но, Лејла вели дека живеењето во дом вреден 1 милион долари, возењето Мекларен и поседувањето на неколку други возила предизвикале „љубомора“ кај критичарите.

Лејла ги советува сите кои сакаат да бидат во врска со некој со кој имаат разлика во возраста, но се задржуваат поради перцепциите на луѓето да го прават она што ги прави среќни – „затоа што не можете да им угодите на сите и не треба да се трудите“.

 

„Брус и јас сме многу отворени и искрени еден со друг и со нашата врска и вистината е дека ако тој не беше финансиски во ситуацијата во која се наоѓа, немаше да се сретнам со него. Да не бев млада, привлечна жена, тој немаше да се сретне со мене. Тој сакаше помлада атрактивна жена со која ќе помине малку време, а јас сакав стаблиран маж со кој ќе поминам малку време. По нашиот прв состанок, брзо сфативме дека тоа нема да биде така. Тоа беше љубов на прв поглед“.

Иако ги прифаќа многуте придобивки од нивната разлика во години, Лејла вели дека лоша страна е тоа што Брус е „малку потрадиционален“, што може да предизвика проблеми додека ја воспитува нејзината 12-годишна ќерка.

Лејла сега има повеќе од 30.000 следбеници на „Инстаграм“, објавувајќи за нивната врска, но вели дека кога ќе објави нивна фотографија, 90 отсто од времето добива негативни коментари.
Лејла вели: „Луѓето ме нарекуваат „копач на злато“ и велат „тој е твојот „sugar daddy“ и „ти си со него само за неговите пари“.

„Би им рекла на другите жени кои сакаат да излегуваат со постар маж, но се загрижени од перцепциите на луѓето – што и да правите во животот, секогаш ќе има некој некаде што ќе има нешто негативно да каже. Ако некој излегува со 30-годишник што не е толку привлечен, но сепак е на точната возраст за општеството ако сакате, луѓето ќе бидат како „тој не е привлечен, зошто си со него? Можете да бидете со некој кој има навистина добар изглед во нивните 60-ти, луѓето би биле како „тој има 60“.

 

  • Sasho напиша:

    e sugurno e golema ljubov….otprilika..nekolku milioni, neka bide “goltar” da vidime dali ke i bide pastuv

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *