3 бивши богаташи раскажуваат како е да се падне на дното и едвај да се врзува крај со крај (втор дел)

Не е се сјајно кога се има пари, но дефинитивно ги олеснуваат работите. Некои луѓе од ранети со златна лажичка грубо го стигнале дното и ја почувствувале суровата реалност. Но на крајот, токму тоа нѐ учи на важни лекции и нѐ прави луѓе.

1.

Станав брокер за хипотека во 2003 година и се сметав себеси финансиски добро пред падот во 2008 година. Повеќето од моите заштеди исчезнаа откако имав операција на грбот. До моментот кога закрепнав, хипотекарниот бизнис изумре. Без заштеда, без работа, неспособност да ги затворам кредитите, нема пари кои доаѓаат. Татко ми почина неочекувано, а јас сум обземен од тага. Ги продавам сите мои работи за да се преселам од мојот дом во очекување да ми го запленат и да имам од што да живеам бидејќи никој не вработува во тоа време.

7 години подоцна, сметките ми се минимални, а живеам во рамките на буџетот. Плаќам готовина за сè, вклучувајќи го и мојот автомобил и мебелот. Се вратив на студии и магистрирам за психологија, нешто што ме интересираше цел живот. Правам превентивна здравствена заштита и имам покриеност за сите медицински трошоци. Не купувам нови работи, секогаш половни. Купувам половен мебел и ги претворам во нешто што го обожавам. Научив повеќе за животот и за себе откако изгубив сè отколку што направив 25 години пред тоа. Се чувствувам благодарен што се случи се што се случи, затоа што немаше да бидам оваа личност што сум денес.

 

2.

Кога имав пари, имав добар живот. Кога го изгубив сето тоа, животот почна да ме цица. Имав пристоен стан, добра сопруга и доволно пари за 4 одмори годишно. Но, сето тоа падна во вода во 2000 година кога верував на погрешна личност да биде генерален директор на мојата компанија. Тој станал алчен, почнал да краде пари од компанијата. Животните заштеди ги потонав во нов деловен потфат кој не успеа.

Морав да преживеам со започнување на сопствен мал бизнис без капитал зад мене. Жена ми стоеше покрај мене првите неколку години без пари, но го достигнав дното кога таа стана нетрпелива и се разведе од мене поради тоа. Чувството е како да сте вмешани во несреќа каде што на крајот ќе бидете делумно парализирани. Се сеќавам на една реплика од Fight Club – „Вие не го поседувате вашиот имот – вашиот имот ве поседува вас“

 

3.

Детството го поминав во добро ситуирано семејство, малку над просечниот приход. Како што стареев, почнаа да доаѓаат помалку пари и како што дојде економската криза семејниот бизнис банкротираше. И бидејќи сите во моето семејство никогаш не размислуваа дека можеби нема да заработуваат толку пари колку што заработуваат сега, никој не штедеше пари. Од никогаш да не се грижиш за пари, за кратко, стигнавме до да јадеш од исто огромно тенџере со грав 5 дена. Ги прескокнав сите средношколски празници, настани и повеќето прослави за 18-ти роденден (бидејќи не можев да носам подароци).

Само да речеме дека тоа беше искуство кое ми ги отвора очите, кое никогаш не би го премотал назад и не би го променил. Сега имам 23 години, имам стабилна хонорарна работа и поседувам и своја агенција. Моментално јас ги издржувам сестра ми, татко ми и мајка ми.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *