37-годишната Американка се уморила чекајќи го принцот, па сама си отиде на меден месец

На 37-годишната блогерка Британи Елин, родена во Сиетл, Вашингтон, САД, и здосадило да го чека вистинскиот маж и решила сама да замине на меден месец.

Британи вели дека од 20-годишна возраст сонувала за сопственото семејство и сакала да биде домаќинка. Таа била во врска пет години, планирала да се омажи и да има деца.

„Но, кога имав 25 години, раскинавме и почнав да се развивам во сосема поинаква насока“, објасни таа.

Девојката долго време чекала да се појави љубовта во нејзиниот живот, меѓутоа, на 37 години сфатила дека не сака да ги пропушти најубавите години од животот, па решила сама да оди на меден месец.

„Има толку многу места што сакав да ги посетам, но го чекав совршениот партнер, совршената врска. Сакав да го посетам југот на Франција, Венеција, Италија, да возам гондола, да одам на сафари. Сега кога сум во моите 30-ти, се мислам: „Чекај, зошто чекам?“.

Бретани отпатува во Франција и Италија и почна да објавува фотографии од патувањето на социјалните мрежи. Многу претплатници и се заблагодарија и рекоа дека таа станала пример за нив.

„Одлично е да се знае дека ги инспирирам жените да патуваат сами. Сакам да нагласам дека никогаш нема да зажалите “, вели блогерката.

Британи исто така донела одлука да си замрзне јајце клетки за да може да стане мајка доколку не ја најде својата друга половина. Првиот обид бил неуспешен, но таа не се плаши од тешкотии.

„Се надевам дека оваа пролет и можеби следната есен ќе се обидам повторно да ги замрзнам. И штом ќе го направам тоа, мислам дека навистина ќе најдам душевен мир“, заклучи таа.

  • Чкорче напиша:

    Таа втората слика нека ја тргне и ќе си најде прч.

  • aneta напиша:

    prlicno siromasna se gleda amerikankava

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на aneta Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *