40-годишна Американка забременила по 17-ти пат! Погодете колку трошат за храна неделно?

40-годишната Пети Хернандез од Северна Каролина, САД, забременила по 17-ти пат и проговорила за сонот да има 20 деца.

 

Таа раѓа деца веќе 14 години и тврди дека начелно не се штити. „Ако Бог сака повторно да забременам, нека биде така“, вели мајката. Семејството на Хернандез и нејзиниот 39-годишен сопруг Карлос имаат 16 деца: шест момчиња и десет девојчиња. Сопружниците избираат за секое дете име што започнува со буквата „К“, во чест на таткото на семејството.

 

Сега Хернандез е повторно бремена, а наскоро семејството ќе биде надополнето со уште едно момче. Жената признала дека сака да има 20 деца. „Сакаме уште три момчиња за да биде еднаков бројот на ќерки и синови – 10 и 10“, вели мајката.

 

 

Потребни се многу пари за да се растат 16 деца. Сопружниците трошат околу 900 долари неделно на храна – главно за училишни ручеци. Сепак, Ернандез не се грижи за пари. „Имаме сопствена компанија за чистење и вака обезбедуваме за децата“, рече таа.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *