42 годишната Ребел Вилсон го живее животот од соништата- стана мајка на ќеркичка и е „ДО УШИ“ заљубена во својата девојка

42-годишната актерка ги изненади своите следбеници на „Инстаграм“ во понеделникот наутро, кога објави дека ѝ посакала добредојде на ќерката Ројс.

Русокосата објави фотографија од детето во светло розе облека заедно со сладок натпис во кој споделува колку е горда што ќе стане мајка за прв пат.

 

„Премногу сум горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат мајка“, напиша таа.
А ѕвездата истакна колку му е благодарна на својата сурогат мајка.

 

„Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум и благодарна на мајката и сите што беа вклучени, ова се подготвуваше со години…“

Вилсон во мај изјави за „People“ дека изгубила тежина во 2020 година со надеж дека ќе стане мајка затоа што лекарот за плодност и рекол дека ќе има поголеми шанси ако изгуби некој килограм.
Ѕвездата на „Pitch Perfect“ оваа година се забавува со Рамона Агрума. Таа неодамна негираше дека се вериле. Во саботата актерката и нејзината партнерка беа видени во „Дизниленд“, при што позираа пред иконскиот замок на Заспаната убавица.

 

 

Актерката на својата објава додаде и текстуална графика на која пишува: „Благодарам за убавите желби, но НЕ сме свршени!“

Според „Page Six“, запросувањето се случило „пред неколку недели“, а исто така свршувачката навидум се потврдува и со  дијамантските прстени кои парот ги носеше на забавата на Џорџ Клуни за „Ноќта на вештерките“. Ребел и Рамона пристигнаа на забавата за Ноќта на вештерките во соби инспирирани од „Барби“ со неколку нивни другарки.

 

Претходно оваа година, се шпекулираше дека ѕвездата е во врска со австралискиот тенисер Мет Рид, иако таа врска никогаш не беше потврдена. Во јуни, Ребел излезе како геј на „Инстаграм“ заедно со фотографија од неа и Рамона.

Пред јавно да потврди дека излегува со Рамона, Ребел откри дека е „во врска“ за време на интервјуто за подкастот „U Up“ во мај.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *