49 годишниот Дејвид Бекам покажа кој е вистински мангуп во новата фотосесија за „Boss”

Дејвид Бекам повторно ја „подигна температурата” со својата најсмела фотосесија досега, позирајќи само во долна облека за новата кампања на BOSS.

 

Фудбалската легенда, која сè уште плени со својот изглед на 49 години, ги воодушеви обожавателите со провокативни фотографии во кои го истакнува своето вајано торзо и препознатливите тетоважи.

Како заштитно лице на кампањата, Дејвид позира во серија заводливи кадри, носејќи минималистички парчиња од новата колекција BOSS ONE Bodywear, меѓу кои и црни хип-гаќички и класични бели боксерки.

 

Кампањата, режирана од култното фотографско дуо Мерт и Маркус, претставува нова фаза во долгорочната соработка помеѓу Дејвид Бекам и брендот BOSS.

Генералниот директор на HUGO BOSS, Даниел Гридер, изјави: „Лансирањето на BOSS ONE Bodywear колекцијата претставува значаен момент за брендот и за нашето партнерство со Дејвид Бекам. Оваа линија е создадена да инспирира, комбинирајќи стил и врвен квалитет.“

 

Колекцијата опфаќа основни машки парчиња како боксерки, гаќички, маици и поткошули во едноставни црно-бели нијанси.

  • Васе напиша:

    Ако не се пофалиш со изгледот, џабе си вежбал!
    Изгледа дека добива големи пари од Бос за рекламирање! Башка, цел живот не мора да купува гаќи, џабе му се!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *