5 едноставни интересни трикови со кои можете да го трансформирате вашето здравје за помалку од 5 минути!

Повеќето од нас ја препознаваат важноста на одржувањето здрава тежина, на доброто јадење, редовното вежбање, намалувањето на стресот и добриот сон. Значи, што нè спречува? Многумина од нас ја започнуваат секоја нова година решени да бидат поздрави и поактивни, но за околу еден месец се враќаат на претходниот начин на живот.

Ова не е затоа што ние сме инхерентно мрзливи или со слаба волја. Тоа е затоа што не создаваме средина каде што ќе се одржи нова навика.

Вие не треба да направите голем ремонт на вашиот живот; ова се работи кои лесно можете да ги вградите во вашата секојдневна рутина. Нивната едноставност е она што ги прави одличен начин за претворање на добрите навики во лесно одржливи.

Стремете се кон мали цели што ќе ве натерааат да размислувате: „Во ред, би можел да се снајдам со тоа“.

Направете го тоа едноставно: малите промени навистина можат да донесат големи придобивки во однос на подобро расположение, подобрен сон, поостар мозок и намален ризик од болести. Бидете реални: Започнете со тоа што мислите дека можете да управувате. Започнете со мали работи и градете од таму. Секогаш можете да додадете плус уште една работа подоцна. А потоа уште една…

Еве некои лесни трикови кои е доволно само да ви станат секојдневна навика, за да си го продолжите и подобрите животот.

 

Пејте гласно пет минути на ден

„Кога се туширам со студена вода, често пеам гласно. Сметам дека ми помага да ги поминам првите, болни околу 20 секунди. Поопшто, ви препорачувам да се занимавате со пеење, во бањата или на кое било друго место, бидејќи тоа е одличен начин за зајакнување на расположението, намалување на анксиозноста, па дури и ублажување на хроничната болка. Исто така што е најважно, тоа е и забавно“, вели докторот и писател Мајкл Мозли.

Еден начин на кој пеењето прави да се чувствуваме добро е преку зајакнување на нашите ендоканабиноиди. Ова се хемикалии природно произведени во нашите тела кои имаат многу слична структура со оние што се наоѓаат во растението канабис; во висока концентрација, тие можат да имаат ефекти за зголемување на расположението.

 

 

Дајте си време за себе

Одвојте време секој ден за внимателно дишење. Седнете на удобно столче, во просторија каде што нема да ве вознемируваат. Потпрете ги рацете на бутовите, ослободете го фокусот или затворете ги очите, а потоа во следните неколку минути обидете се да се фокусирате на здивот.

Забележете го начинот на кој воздухот минува низ вашиот нос или уста и начинот на кој вашиот стомак се крева и паѓа. Ако сметате дека помага, избројте ги вашите вдишувања до 10.

Забележете ја тежината на вашите раце на бутовите и чувството на нозете на подот. Кога вашите мисли ќе се вратат на грижите на денот, што ќе ги направат, обидете се нежно да го вратите фокусот на вашето дишење.

 

 

Пред појадокот напијте се чаша вода

За многумина од нас, шолја кафе или чај е нешто што го зграпчуваме веднаш штом ќе се разбудиме. И двата напитока оживуваат, но можеби е најдобро да почекате да појадувате, па потоа да му се „фрлите“ на кофеинот. Наместо тоа, зошто да не пробате со голема чаша вода?

Истражувањата покажуваат дека хидрираноста може да го подобри вниманието и да помогне во решавањето на проблемите. Исто така, ги подобрува физичките перформанси, ви помага да останете смирени и може да го подобри вашето расположение.

Водата сочинува 60 отсто од нашите тела и 90 отсто од нашиот мозок. Ни треба за да ја хидрираме кожата, да ја вариме храната и да им овозможиме на нашите бубрези да го исфрлаат отпадот.

 

 

Зголемете го вашето расположение со експлозија на ладна вода

„Првиот пат кога се туширав со ладна вода, имаше многу крици и излегов од таму за помалку од десет секунди. Се подобрив со тек на време со вежбање“.

Но, ако помалку од една минута непријатност секој ден навистина може да ви помогне во борбата против стресот и да го зајакне вашиот имунолошки систем, вреди да се проба.

 

Едноставна рутина додека ги четкате забите што е спас

Рамнотежата е нешто што повеќето од нас го земаат здраво за готово, но тоа е како мускулна сила – искористете го или изгубите го!

Затоа, после појадокот, ги мијам забите две минути. И јас го правам тоа додека стојам на едната нога, менувајќи ги нозете на секои 30 секунди или така. Понекогаш, дури и ги затворам очите и силно се фокусирам на обидот да не се нишам. Ова го правам за да ја подобрам мојата рамнотежа бидејќи истражувањата покажуваат дека падовите се втората најчеста причина за смрт од несреќен случај ширум светот по сообраќајните несреќи. И да се има добро чувство за рамнотежа е критично за намалување на ризикот од пад“, вели докторот.

Ако можете да ги интегрирате вежбите за рамнотежа во вашата секојдневна рутина, тоа навистина би можело да има влијание врз животот. Помалку падови значи помала шанса за фрактури.

 

Ќе ја зајакнете вашата основна сила, држење и координација. Исто така, поголема е веројатноста да одите исправено наместо подгрбавено, што ќе направи да изгледате помладо, па дури и ќе го подобри вашето расположение.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *