Некои од нив ги консумираме безгрижно секој ден: 5 намирници поради кои забите стануваат жолти

Обично за пожолтување на забите се обвинуваат цигарите и кафето. Но, има уште неколку производи, чија постојана употреба ќе ги доведе вашите заби во не толку посакуваната состојба.

1. Цитрусите плодови им даваат на забите жолтеникава нијанса, од која не можете да се ослободите ниту со паста и четка ниту со забен конец. Само стоматолог и неговата професионална опрема ќе помогнат.

2. Зашеќерените газирани пијалоци го поттикнуваат растот на бактериите, кои во исто време ослободуваат штетни киселини кои придонесуваат за пожолтување на глеѓта.

3. Чајот, особено евтините кесички црн чај, содржи големо количество флуор, кој може да предизвика разни болести, особено на коските и забите.

4. Боровинките, капините, рибизлите, црешите итн., иако се богати со корисни оксиданти, се одликуваат и со висока содржина на пигменти за боење, кои на забите можат да им дадат широк спектар на нијанси.

5. Црвеното вино и дава на глеѓта сива нијанса, од која нема да биде така лесно да се ослободите.

Бонус: Постои едно едноставно правило:

Ако знаете дека ќе биде тешко да се отстрани дамка од облеката од овој производ, тогаш тоа ќе остави силна неизбришлива трага на вашите заби.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *