5 непишани правила кои секогаш важат во Македонија (виц)

1. Ако видиш мажи во костуми како садат дрвја, значи избори се ближат.

2. Ако мајка ти се смее на вицовите на татко ти, значи дома имате гости.

3. Ако видиш мажена жена онлајн во 2 часот наутро, никако не ѝ пишувај. Тоа не е таа, туку нејзиниот маж.

4. Ако си со друштво на маса и во првите 5 минути не сфатиш кого го зафркаваат, значи те зафркаваат тебе!

5. Ако дома имате пластична ќеса полна со други пластични ќеси, значи сте Македонци!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *