5 приказни за венчавки, кои завршиле уште пред да почнат

Сезоната на венчавки е во полн ек, но големи се шансите дека некои од моментално свршените парови нема ни да ги исполнат своите завети. Всушност, според истражувањето спроведено од специјализираните купувачи на дијаманти WP Diamonds, кои анкетирале 1.000 луѓе на возраст меѓу 20 и 60 години низ САД, ова се случува во огромни 20 проценти од времето. Затоа, со цел да дознаеме зошто луѓето го одврзуваат јазолот, погледнавме во објавите на Редит во кои се замолени корисниците да го споделат точниот момент кога сфатиле дека нема да има церемонија.

#1

„Не на ергенската забава, туку, вујко ми беше оставен пред олтарот на неговата венчавка, по 5-годишна врска. Дедо ми мораше да се качи пред олтарот, да им се заблагодари на сите кои дошле и да им каже дека нема да има венчавка.

Вујко ми бил со скршено срце и отишол на патување во Нов Зеланд. Во авионот седнал до човек кој што живее таму. Човекот го поканил во домот на неговото семејство. Така вујко ми се запозна и ожени со сестрата на човекот. Тие сѐ уште се заедно и имаат 3 деца. Таа е прекрасна и има само среќни денови за нив, најстарото дете има 21 година. Најдобрата вујна!“

#2

„Како прво, ако никогаш не сте биле на еврејска свадба, првин го имаат дочекот, додека младоженецот и невестата се во посебна просторија, потоа церемонијата, па семејството оди да се слика додека гостите седнуваат да јадат, потоа влегуваат невестата и младоженецот и започнува играњето.

Помеѓу церемонијата и фотографирањето, се случува она што се нарекува „Јичуд“ што всушност не се преведува, но приближно значи „заедничка изолација“: невестата и младоженецот се заклучуваат во соба и ги набљудуваат двајца сигурни сведоци надвор од вратата, дека ќе останат во неа доволно долго за да го консумираат бракот (иако никој всушност не го прави тоа таму). Ова е она што всушност го слави бракот. Добро, една од трите работи: другите две се потпишување на брачен договор, наречен Кетуба, и пренос на дел од имотот (традиционално прстен, иако тоа може да биде и други работи) од младоженецот на невестата.

Значи. По јучудот, невестата излегува и објавува: „Извинете на сите, свадбата заврши. Ќе се разведеме и ќе ги вратиме сите подароци… освен спалната, каде што го фатив мојот нов сопруг како ја испробува заедно со мојата сестра минатата недела.“

Што ја прави оваа приказна уште почудна? Таа знаеше за изневерувањето. Зошто помина цела венчавка за да го каже ова? Затоа што според еврејскиот закон, ако еднаш сте биле во брак со жена, дури и по разводот од неа, не ви е дозволено да се ожените со нејзината сестра во било кое време додека не умре првата жена. Поминувајќи ја церемонијата, таа всушност ја заклучи својата сестра да не може да се здружи со нејзиниот наскоро бивш сопруг…“

#3

„Ова се случи на мојата братучедка. Тие испланираа дестинациска венчавка. Нејзиниот вереник ги резервирал летовите за нејзините родители и за себе, но го „заборавил“ својот паричник со документите и ѝ рекол да оди таа со семејството, а тој ќе дојде подоцна со наредниот лет. Никогаш не се појавил, никогаш не резервирал хотел или ресторан. Се пријавил во ментална установа дома.“

#4

„Додека работевме ноќта пред свадба во хотел, персоналот и јас слушнавме силен крик од горе. Излезе невестата која врескаше и липаше ‘Свадбата е откажана!!!’, додека по неа трчаше младоженецот со гол задник, покривајќи го долниот дел со рацете, извинувајќи се.

Излезе дека невестата ја фатила сопствената мајка заедно со младоженецот како имаат се*с. Може да се каже дека имавме лесна смена наредниот ден, бидејќи немавме свадба за кетеринг.“

#5

„Еден мој поранешен пријател (кој има ќерка со друга жена) правеше свадба со својата нова сопруга. Додека танцуваа, таа му рекла дека треба да заборави на својата ќерка. Тој мислел дека таа можеби се шегува и заборавил на тоа. Подоцна, таа повторно му рекла да заборави на својата ќерка бидејќи може да му даде деца колку што сака.

Пријателот се налути им кажа на сите гости да се губат и забавата заврши. Невестата не знаела што се случило, а мојот пријател веќе го немало. По една недела отишол да ја види невестата, само за да го врати прстенот што му го дало семејството на невестата. Никогаш повеќе не зборувал со неа.“

#6

„По приемот на младенците им требаше цела вечност да се појават. Ги чекавме еден час. Кога пристигнаа цело време се расправаа. На крајот ги претставија и тие седнаа на главната маса. Некаде пред вечерата повторно започна расправијата. Младоженецот излезе од салата, а јас и моето момче бевме љубопитни да дознаеме што се случува.

Го начекавме како телефонира во лобито на хотелот. Токму кога сакавме да се вратиме дојде невестата. Тогаш слушнавме зошто се расправале. Младоженецот ја поканил својата поранешна девојка на свадбата, што ја полудело невестата. Исто така наводно, тој ја изневерил невестата со поранешната девојка неколку пати во минатото, а претходниот пат било пред само еден месец.

Дополнително поранешната девојка и љубовница била на пат да го собере младоженецот затоа што невестата се однесувала како ‘луда’. По неколку минути гледање и слушање на оваа луда караница, пред врата доаѓа стар седан кој го вози неговата поранешна девојка. Младоженецот седнува со неа во автомобилот и тргнуваат.

Последните зборови на невестата беа: ‘Па очигледно ќе морам повторно да се е*ам со брат ти.’ Па, сега веќе не се во брак…“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *