5-ти март – Денот кога пола свет мислеше дека е хакнат и не знаевме што јаде комшијата за вечера! Но, што всушност се случи со Инстаграм и Фејсбук вчера?

Двете популарни страници, Фејсбук и Инстаграм, кои се во сопственост на истата компанија Мета вчера во одреден дел од денот не функционираа.

 

Според Down Detector, проблемите започнале околу 15 часот, при што и сајтовите и апликациите за паметни телефони одбивале да работат. За неколку минути, повеќе од 40.000 извештаи за проблеми беа направени на страницата и за Instagram и за Facebook. Проблемот влијае и на апликацијата Facebook Messenger.

Всушност стануваше збор за технички проблеми во нивната инфраструктура. Поточно, имаше проблеми со нивните сервери, предизвикувајќи глобален прекин што ги спречи корисниците да пристапат до нив.

Сепак одеднаш многу луѓе се исплашија дека се хакнати. Хмм, ние се запрашавме што ли кријат нашите пријатели на социјалните мрежи што се исплашија дека се хакнати? Размислете и за вашите пријатели.

Па како и се друго веќе не може да се помине без креативни коментари за тоа што се случи. Па така корисниците на X односно Твитер излегоа со доста креативни „критики“. Но, на крајот само Македонец имаше храброст да проба да помогне директно.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *